Од денеска влез во Косово само со потврда за три вакцини или две вакцини со ПЦР-тест

t

По наглото зголемување на бројот на заболени од Ковид-19, косовската Влада синоќа донесе нови мерки за спречување на ширењето на пандемијата, според кои, меѓу другото, од денеска за влез во државата е потребно да се приложи потврда за примени три дози вакцини, или две вакцини и негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од обврската за приложување сертификати за вакцинација при влез во Косово се ослободени лицата кои патуваат транзитно, странските дипломати, децата до 12-годишна возраст и лицата кои имаат лекарска потврда дека се ослободени од вакцинација.

Косовските државјани кои немаат примено две вакцини, по враќањето во земјата ќе треба да подлегнат на седумдневен карантин во своите домови. На сите вработени во јавните институции ќе им се бара сертификат за примени најмалку две дози.

Со новите мерки, таканаречениот полициски час, односно забраната за движење, наместо од полноќ, од денеска ќе трае од 22 до пет часот наутро. Се скратува и работното време на угостителските објекти, кои, наместо до 23 часот како досега, ќе можат да работат до 21 часот, со тоа што музиката е дозволена до 20.30 часот.

Забранета е работата на ноќните клубови и организирањето фестивали, концерти, свадби и веридби, додека на погребни церемонии е дозволено присуство само на најблиските роднини.

Одлуката, која стапува во сила денеска, е со важност до 4 февруари.

Во образложението за новите мерки Владата се повикува на најновата епидемиолошка ситуација, по порастот на случаите со Ковид-19. Иако според Институтот за јавно здравство на Косово ситуацијата се смета за стабилна, сепак се вели дека опасноста останува, поради доминацијата на варијантата Омикрон на вирусот.

Последните денови во Косово имаше нагло зголемување на дневните бројки на заразени, така што само во петокот беа регистрирани 2.943 нови случаи, односно речиси 25 отсто од тестираните. Официјалната бројка на активни заболени во земјата, од околу 700, колку што изнесуваше пред две недели, вчера достигна до 12.396, додека медицинските експерти очекуваат задржување на негативниот тренд и во наредниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…