Од денес минималната плата е 18 илјади денари

t

Од денес, 80.000 вработени, наши сограѓани, работници во различни дејности и индустрии, земаат 18.000 денари минимална плата според последните законски измени и дополнувања за раст на минималната плата од март годинава, порачаа од Владата на Република Македонија.

„Владата на Република Македонија во дијалог со бизнис заедницата, синдикатите и сите засегнати страни во изминатиот период постигна договор за зголемување на најниските плати, а утврдена е и методологија со која истата континуирано ќе расте. Дефинирано е дека висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57% од просечната плата. Ова значи дека растот на минималната плата во иднина ќе биде возможен без дополнителни интервенции и очекуваме многу брзо, таа да ја надмине и сегашната договорена сума. Дополнително, државата ќе го субвенционира делот врзан за придонеси, со што се олеснува процесот, за сите засегнати страни“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…

Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:…

Во петок наутро посебен режим на патот…

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…

По четири и пол години, една држава…

Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…

Јаневска од „Кој е следен?“: Немаме врска…

Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е…

Прегазен пешак во Чаир – Сообраќајна несреќа…

Пешак е прегазен и повреден во сообраќајна…