Од држава за потсмев во криза, Македонија сега е фактор на енергетска стабилност, вели премиерот
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите во енергетскиот сектор кога новата влада ја презема извршната власт, оценувајќи ја како алармантна и катастрофална состојба, катаклизмична состојба во август, септември 2024 година, со акумулации на некои 7 до 8 проценти, јаглен на депонија во РЕК Битола од 20-30 тони доволни за еден блок да работи 5-6 дена, неремонтирани рударски машини, незавршени јавни набавки, неремонтирани производни блокови, Осломеј Кичево запуштен и запоставен како споменик од некое транзициско време. Една катастрофална состојба, оцени Мицкоски.
-Денес во услови на криза, не цели две години потоа, година и половина, имаме 150-160 илјади тона јаглен депонирани на двете депонии во Битола и во Кичево, имаме акумулации на околу 40 проценти количина на вода, обезбедени количини на гас заклучно со месец април потребен за затоплување на Скопје, и во моментов АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, извезува во ноќните часови во вредност којашто носи на компанијата околу 100 до 150 илјади евра на ден, во зависност од количината и цената на берзите во денот. И ова е состојбата во услови на најголемата енергетска криза за којашто експертите велат дека е поголема од онаа енергетска криза во 70тите години на минатиот век, кога дневно недостасувале околу 8 до 10 милиони барели нафта, а денес меѓу 11 и 12 милиони барели нафта. Волуменот на кризата е сличен. И ние во пикот на оваа криза не само што сме стабилни туку и извезуваме стабилност во регионот, нешто што до сега е невидено од нашата држава во услови на криза“, изјави Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
25 години од почетокот на воениот конфликт…
Денеска се навршуваат 25 години од официјалниот…
Гаши: Таа ноќ Кочани и Македонија изгубија…
Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат…
Обоена со сина боја зградата на МВР…
Денес на 7 март, светот ќе им…
Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со…
БТА: Белгија планира да испрати затвореници во…
Белгиските власти го прошируваат списокот на земји…