Од келнер до директор до средно богат бизнисмен: Една класична СДСМ-овска приказна

t

Наместо во затвор македонските политичари кои сториле криминал неретко стануваат како што милуваше да каже екс премиерот и претседател на ВМРО-НП, Љупчо Георгиевски средно богати бизнисмени.

Како од локални политичари кои одат од врата на врата прибирајќи гласови и кои списоци за гласање и агитираат се стекнуваат со завидно богатство никој не знае да одговори, а се чини дека институциите ниту работат да истражат и дознаат за нивното потекло на имот.

Одличен пример за ова е кариерата на Трајче Ангеловски, локален функционер на СДСМ од Крива Паланка кој неодамна во ноември 2020 година беше именува од Владата за Претседател на управен одбор АД Аеродроми на Република Македонија.

Доколку го погледнете неговиот анкетен лист ќе си помислите дека станува збор за еден од најсиромашните државни функционери. Тој на свое име не поседува ништо, а имотот кој е пријавен е на неговите родители и сопруга, стан и куќа во Крива Паланка од каде тој потекнува и возило на име на неговата сопруга.

Сепак како што дознава Инфомакс Ангеловски е еден од тројцата основачи на Енерго Солар Систем, претпријатие за производство на електрична енергија. Покрај Ангеловски, сопственици во компанијата се уште едно физичко и едно правно лице.

И се ќе беше во ред доколку Ангеловски не го започнал својот бизнис со производство на струја со пари добиени од Владата на Република Македонија. Да добро прочитавте парите за бизнисот се добиени со грант кој го добива висок државен, но и партиски функционер.

Ова е класичен пример за судир на интереси во кој еден висок државен функционер добива огромни средства од државата за започнување на многу профитабилен и лукративен бизнис во овие моменти кога цената на електричната енергија ги руши сите рекорди.

И додека сета помош за граѓаните од страна на Владата за време на енергетската криза е во идно несвршено време со потенцирано „ќе“, партиските послушници веќе ги гледаат бенефитите од „зелената енергија“ во Македонија која ги позлати многумина.

Според нашите информации својата кариера, Ангеловски ја започнал како келнер во ресторанот „Воденица“ кој е во сопственост на актуелниот градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски. Како локален партиски функционер, дружбата со некогашниот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и актуелен министер за земјоделие му се исплатеше и ја лансираше неговата кариера на државна плата, а сега Трајче може конечно да се пофали дека е средно богат бизнисмен.

Апелираме до Државната комисија за спречување на корупција во детали да го истражи овој случај и да покрене постапка, бидејќи во овие тешки времиња државата не може и не смее да си дозволи да ги полни џебовите на малкумина партиски функционер на сметка на сите граѓани на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…