Од утре нема плаќање во готовина во автобусите во Кавадарци – билет со КА-карта или платежна картичка
Од утре патниците во градскиот и приградскиот превоз во Кавадарци ќе можат да го платат билетот само безготовински. ЈП „Градски превоз“ – Кавадарци информира дека готовина повеќе нема да се прима во автобусите.
Плаќањето ќе се врши со КА-карта или со платежна картичка Visa или Mastercard, преку бесконтактно плаќање директно во автобусот.
Од претпријатието информираат дека официјални места за продажба и надополнување кредит на КА-картите се Инфо-центарот на Градскиот плоштад, „Браво нутс“ кај старата автобуска станица, „Мар – Пет Макарена – Ваташа“ и ДМД ОИЛ Глишиќ.
Дополнително, до 31 декември 2026 година, при секое купување КА-карта со минимален кредит од 300 денари, првото возење е бесплатно.
За повеќе информации, граѓаните може да се обратат во Инфо-центарот или на телефонскиот број 043 400 417
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре нема плаќање во готовина во…
Од утре патниците во градскиот и приградскиот…
Пожарот во Кавадарци бил подметнат, се очекува…
Од околу 30 пожари кои биле регистрирани…
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
Позитивни вести: Кавадарци доби принова од 7…
Во Општата болница во Кавадарци во еден…
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од…
На 13.05.2026 во 17:00 часот, полициски службеници…