Објавено на:

Околу 20.000 морнари и 15.000 патници се заробени во Персискиот Залив

t

Околу 20.000 морнари и 15.000 патници се заробени во Персискиот Залив поради војната на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот Проток, објави денес Меѓународната поморска организација (ММО), објавија француските медиуми.

Како што изјави генералниот секретар на организацијата, Арсенио Домингез, оваа агенција на ОН, одговорна за поморската безбедност, „е подготвена да соработува со сите актери за да помогне во обезбедувањето на безбедноста и благосостојбата на морнарите“, објави „Ле Фигаро“.

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) во средата изјави дека има „целосна“ контрола врз Ормутскиот теснец, блокирајќи бројни бродови.

Од првите воздушни напади на САД и Израел врз Иран во саботата, Меѓународната поморска организација регистрираше седум инциденти со бродови во теснецот, во кои две лица беа убиени, а шест беа повредени.

„Покрај економското влијание на овие алармантни напади, ова е и хуманитарно прашање. Ниту еден напад насочен кон невини морнари никогаш не е оправдан“, рече Домингез.

Тој го повтори својот апел до сите бродски компании да бидат максимално внимателни кога работат во регионот погоден од конфликт.

Поради екстремните тензии, големите глобални бродски компании наводно ги запреле бродовите што се упатуваат кон Заливот и ги пренасочуваат.

Домингез, исто така, ги повика сите страни да ги интензивираат напорите за деескалација на ситуацијата што е можно поскоро, за да може бродскиот сообраќај да продолжи нормално, пренесе „Танјуг“.

Сообраќајот низ Ормутскиот теснец, кој носи околу една петтина од светското производство на нафта и течен природен гас (LNG), се намали за 90 проценти во среда, според податоците од Kpler.

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник изјави дека американската морнарица би можела „доколку е потребно“ да ги придружува танкерите за нафта низ теснецот.

Францускиот претседател Емануел Макрон истиот ден изјави дека се стреми да формира коалиција за здружување на ресурси, „вклучувајќи ги и воените“, за да обезбеди поморски патишта кои се од суштинско значење за глобалната економија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Околу 20.000 морнари и 15.000 патници се…

Околу 20.000 морнари и 15.000 патници се…

Кина ја затвора чешмата за нафта: Најголемите…

Пекинг им нареди на најголемите кинески рафинерии…

Да не помагаа од обезбедувањето, ќе имаше…

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката…

Иранска ракета погоди рафинерија за нафта во…

Бахреин соопшти дека иранска ракета погодила државна…

Филипче поддржува протест за зголемување на минималната…

Во вечерашното издание на емисијата „Клик Плус“…