Оливер Спасовски ќе биде кандидат за претседател на државата?
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, на прашањето дали размислува да биде можен кандидат за претседател на државата на следните избори, потенцира дека е рано е да се прават какви било комбинаторики, иако неколку медиуми го поставуваат тоа прашање.
Сметам дека не е ниту момент, ниту време да се занимаваме со некакви кадровски комбинаторики, со некакви лични можеби видувања на состојбите, амбиции, бидејќи сега е моментот кога имаме сериозна енергетска и економска криза и треба сите максимално да се насочиме во тој дел. Секако дека ќе дојде моментот и ќе разговараме и на такви теми, изјави Спасовски.
На прашањето зошто не се кандидираше за лидер на СДСМ, Спасовски посочи дека тоа е проценка, бидејќи во тој момент и во такви услови во кои претседателот на партијата се повлече, а тој беше дел од тоа раководство како потпретседател и претходно генерален секретар, сметал дека треба да се даде шанса и на други луѓе, на поинаква енергија, можеби и на поголема мотивираност.
Тоа е добро за демократијата внатре во партијата, тоа е добро за државата, затоа што секогаш СДСМ има голем кадровски потенцијал. Секогаш ќе имате забелешки, никогаш работите нема да бидат црно-бело, секогаш опозицијата ќе наоѓа забелешки, затоа што едноставно така ги сфаќаат политичките односи. Тоа треба да го промениме ако сакаме да се реформираме, најважно е да се промениме сите ние во размислувањата. Тоа беа основните причини. Јас сум тука, давам и ќе давам поддршка секогаш на СДСМ, заради тоа што сметам дека идејата на социјалдемократијата е многу посебна за општества како што е македонското општество, нагласи Спасовски.
Тој потенцираше дека е дел од Централниот одбор на партијата, дека е дел од Владата и додека е тука и ќе работи максимално посветено, затоа што смета дека интересот на граѓаните и на државата треба да бидат на прво место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адем Чучуљ едногласно предложен за нов претседател…
Генералниот секретар на Државната комисија за спречување…
Во Собранието почнува постапката за избор на…
На седница на собраниската Комисија за прашања…
Петмина уапсени поради наводен обид за атентат…
Пет лица се уапсени во Еквадор поради…
Претседателот на Кипар се извини за несоодветниот…
Претседателот на Кипар Никос Христодулидис официјално се…
Хрватска денес бира претседател, во трка се…
Во Хрватска се одржуваат претседателски избори на…