Омикрон има нeобичен симптом што не се јавува кај другите соеви

t

Губењето на косата се сметаше за симптом на пролонгиран ковид бидејќи се случуваше неколку месеци по инфекцијата, а со сојот омикрон ќе се појави за време на болеста

Видот Омикрон може за време на болеста, во фаза кога веќе е „при крај“, да даде симптом кој се јавува кај поранешните соеви неколку месеци по инфекцијата.

Американското здружение на дерматолози наведува дека опаѓањето на косата е еден од симптомите што укажуваат на тоа дека во телото се појавила инфекција со корона вирусот, особено ако сте имале и температура.

Иако многу луѓе мислат дека ја губат косата природно, тоа е процес на опаѓање предизвикан од инфекција и тоа значи дека косата ќе продолжи да расте. Тоа е предизвикано од тоа што повеќе влакна влегуваат во телоген фазата, односно фаза кога паѓаат од коренот.

„Температурата е чест симптом на ковид 19, а после болеста може да дојде до опаѓање на косата. Косата влегува во фазата на својот живот кога опаѓа во поголем број од вообичаеното, бидејќи болеста или температурата ја предизвикуваат оваа промена“, велат дерматолозите.

Додека кај поранешните соеви овој симптом се појавил неколку месеци по болеста, кај сојот омикрон е можно да се појави непосредно пред крајот на инфекцијата, пишуваат британските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

90% од светската популација има стекнато имунитет…

Според директорот на вонредни ситуации во СЗО,…

20 лица починале поради грешка во лабораторија…

Англиската владина агенција одговорна за справување со…

Карантин во цела Кина! Огромен број на…

Поради зголемувањето на бројот на заболени од…

Го прогласуваме за умрено: Пад од 90%…

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 нагло…

Осум починати од Ковид-19 минатата недела

Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци…