Опасна ескалација: Хутите влегуваат во војната против Израел
Хутите во Јемен, поддржани од Иран, го нападнаа Израел за првпат откако започна американско-израелската војна со Иран.
Овој развој предизвика стравувања од отворање на нов фронт на Блискиот Исток, што би можело дополнително да ги загрози глобалните резерви на нафта.
Групата соопшти дека испалила балистички ракети „насочени кон чувствителни воени цели во Израел“, како одговор на нападите врз Иран, Либан, Ирак и палестинските територии.
Израелските одбранбени сили соопштија дека пресретнале една ракета лансирана од Јемен.
Според дописникот на BBC, Пол Адамс, нападите може да создадат дополнителен притисок врз Израел, но веројатно нема да претставуваат сериозен воен предизвик.
„Сепак, ако Хутите одлучат да ги засилат нападите врз бродови во Црвено Море, последиците би можеле да бидат драматични“, предупредува тој.
Дел од нафтените рути веќе беа пренасочени преку Црвеното Море по затворањето на Ормутски теснец, клучен морски премин низ кој поминува околу 20 проценти од светскиот извоз на нафта.
Потсетување, кога Хутите во 2024 година нападнаа бродови во Црвеното Море, како реакција на војната во Газа, поморскиот сообраќај беше значително намален, со сериозни последици врз глобалната трговија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Опасна ескалација: Хутите влегуваат во војната против…
Хутите во Јемен, поддржани од Иран, го…
Македонија во изменет состав против Ирска
Македонската фудбалска репрезентација во вторник ја очекува…
Украина и Катар потпишаа договор за заеднички…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес на…
Украдени 12 тони KitKat чоколадо!
Пратка од околу 12 тони чоколадни плочки…
Лишени од слобода две лица за семејно…
На 27.03.2026 во 20:55 часот, полициски службеници…