Опасност за изворот Рашче – Лешоска: Ако се загади водата нема да може да се користи ни како техничка
Се заканува ли загадувањето на водата за пиење од изворот Рашче со кој се снабдува Скопје? Во околината на поранешната фабрика „Југохром“ постои депонија каде со години се складирани околу 900 илјади кубни метри јаловина од хром. Иако е оддалечена од изворот сепак претставува сериозна опасност преку подземни води да го загрози главниот ресурс на чиста вода за пиење за скопјани. Ана Чоловиќ Лешоска од граѓанската организација Еко-свест во неделното интервју за Радио Слободна Европа предупредува дека постои ризик од загадување на подземните води од „Југохром“ со оние на Рашче. Доколку до тоа дојде водата во Скопје ќе биде целосно неупотреблива бидејќи шестовалентниот хром е канцероген и смртоносен, вели Лешоска.
-Ризикот од тоа да се загади водата, не само за пиење, ние не би можеле да ја користиме таа вода ни како техничка вода. Неповратно би го изгубиле изворот Рашче доколку настане загадувањето, б бидејќи настанува понирање на овој хемиски елемент во подземните води а исто така, сега за сега, за жал таа вода која се слива од самата јаловина влегува и во реките, изјави Ана Чоловиќ Лешоска од Еко Свест.
Проблем со водата за пиење имаше и Струга чии жители цел месец немаа исправна вода за пиење од изворот Шум. И самиот струшки градоначалник Менди Ќира поднел пријави до сите надлежни органи, поради вршење на ископување на две фирми повеќе од 10 години. На што се должи ваквиот однос кон водата за пиење?
-Генерално нелегални активности кои може да се случат на местото каде што се црпи водата за пиење. За жал во Македонија имаме многу рурални средини, села и населби кои немаат легален водоснабдителен систем. Постои ризик да се постави објект или да се користи водата за други намени, производство на електрична енергија ископ на чакал, песок и така натаму над местото каде што се зафаќа водата за пиење, изјави Ана Чоловиќ Лешоска од Еко Свест.
За случајот со енормното загадување на водата за пиење на изворот Шум Основното јавно обвинителство во Струга оформи предмет и издадена е наредба правосудната полиција да изврши увид на локацијата каде што се изворите. По цел месец загадување, водата од градскиот водоводот во Струга минатата недела беше прогласена за чиста и безбедна за пиење со што забраната за нејзино користење беше укината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Опасност за изворот Рашче – Лешоска: Ако…
Се заканува ли загадувањето на водата за…
Вучиќ до Милановиќ: „Претседателот на Хрватска нема…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес на состанок…
(Видео) Нетанјаху ги исмеа виралните теории на…
Објавата на Бенјамин Нетанјаху на мрежата X…
Шефот на иранската дипломатија го демантира Трамп:…
Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи за…
Д-р Синиша Стојановски: Големата трагедија, за жал,…
Тоа утро и тие неколку дена коишто…