Објавено на:

Орбан ги налути: Европа се плаши од руски шпиони

t

Група од 67 членови на Европскиот парламент напиша писмо до Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската Комисија. Тие го доведуваат во прашање продолжувањето на членството на Унгарија во Шенген зоната, по одлуката на Будимпешта да ги олесни визите за Русите и Белорусите.

Во писмото иницирано од литванскиот пратеник Петрас Ауштревичиус и чешката европратеничка Дануша Нерудова се собрани потписи од вкупно 67 пратеници.

„Премиерот Орбан очигледно се повеќе го тестира трпението на ЕУ. Овој месец, унгарската влада ја прошири својата програма за имиграција „национална карта“, дозволувајќи им на „гастарбајтерите“ од Белорусија и Русија да влезат на нивната територија. На имателот на таква картичка му е дозволено да работи во Унгарија без безбедносни дозволи и може да го донесе своето семејство во земјата“, се наведува во писмото.

Европратениците ја нарекоа одлуката на Орбан „неодговорна“ и значителна закана за безбедноста на сите членки на ЕУ и нивните граѓани.

„Овие „работници“ со унгарски визи ќе можат слободно да се движат низ Шенген зоната. Без соодветно овластување, постои ризик овие неевропски граѓани да ја зајакнат руската шпионска мрежа во ЕУ. Тоа е наша должност, како европски институциите, да ги заштитиме европските граѓани од овие закани, а не целосно да ги отвораме границите за земјите кои не сметаат за свои непријатели“, се наведува во писмото.

Понатаму се наведува дека доколку унгарската влада одбие да ја промени својата политика, Комисијата и сите претставници на ЕУ треба да го преиспитаат присуството на Унгарија во Шенген зоната со воведување нови мерки за заштита на европските граѓани, вклучително и нови контроли на унгарските граници доколку е потребно.

Тие исто така додадоа дека „другите шенгенски држави имаат право да одбијат да ги признаат визите издадени од Унгарија на руските и белоруските граѓани, со соодветни последици“.

„Безбедноста на нашите граѓани мора да биде прва грижа на сите европски институции и сметаме на целосна вклученост на Комисијата во ова прашање“, заклучија европратениците.

На 1 август, ЕУ побара од Унгарија да одговори на загриженоста дека одлуката на Будимпешта да го олесни визниот режим за руските и белоруските граѓани го зголемува ризикот од шпионажа во блокот.

Најголемата група во Европскиот парламент, Европската народна партија, претходно се пожали дека олабавувањето на правилата може да создаде „сериозни дупки за шпионски активности“.

Литванија поднесе жалба до Европската комисија во врска со одлуката на Унгарија да ги олесни ограничувањата за влез на руските и белоруските граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…

На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…

ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…

(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…