Орбан: Земјите на ЕУ ги поставуваат условите, а не кандидатите
Унгарскиот премиер Виктор Орбан тргнувајќи од интересите на својата влада на посреден начин, но со директна порака, им порача на земјите-кандидати, меѓу кои и Македонија дека членките на ЕУ ги поставуваат условите, а не аспирантите. Изјавата на Орбан на социјалната платформа Икс се однесува на барањето на Украина за збрзано членство во ЕУ, во 2027. Но таа изјава е во голема спротивност на барањето на неговиот политички сојузник, македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој постави неколку барања до Европскиот совет и Бугарија за да се согласи за менување на уставот.
Орбан му се обраќа на претседателот на Украина, Володимир Зеленски:
„Претседателе, на погрешен пат сте. Пристапувањето во ЕУ е процес што се темели на заслуги. Земјите членки поставуваат услови, а не земјите кандидати“.
Во друга објава на Икс Орбан рече дека дека членството на Украина во ЕУ ќе ѝ донесе војна на Европа.
Европската комисија крои план за забрзување на пристапувањето на Киев, потенцијално нудејќи ѝ на земјата, разорена од војна, делумно членство во ЕУ пред да ги заврши сите потребни реформи. Украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистира неговата земја да се приклучи на блокот уште во 2027 година како дел од каков било мировен договор со Русија.
Тоа би било „отворена објава на војна против Унгарија“, предупреди унгарскиот премиер во средата во објава на Икс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан: Земјите на ЕУ ги поставуваат условите,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан тргнувајќи од интересите…
„Едно зборува, друго прави“ – Брисел се…
„Ако во последно време имаше нејаснотии: да,…
Филипче: Повеќе ѝ веруваме на DEA која…
„Ако Американската Агенција ДЕА за борба против…
Дурмиши: За минималната плата не треба да…
Прашањето за минималната плата е чувствително и…
Касами: Сè додека Беса учествува во Владата…
Централното собрание на движењето Беса со мнозинство…