Орбан кажа НЕ! – Унгарија одлучна за ВЕТО на ембаргото за руска нафта
Унгарија останува на ставот дека нема да се согласи со воведување ембарго на руската нафта, што го бара ЕУ, додека не и се обезбедат средства за енергетска безбедност.
„Прво решенија за снабдување со енергија, а потоа санкции“, изјави унгарската министерка за правда Јудит Варга на новинарите пред денешниот министерски состанок во Брисел, пренесува Ројтерс.
Унгарија, која е силно зависна од руската нафта, рече дека ќе и требаат околу 750 милиони евра (800,8 милиони американски долари) краткорочни инвестиции за модернизирање на рафинериите и проширување на гасоводот за испорака на нафта од Хрватска.
Таа, исто така, навести дека на долг рок, преминот на нејзината економија од снабдување со руска нафта на други извори може да чини дури 18 милијарди евра.
Европската комисија на почетокот на месецов предложи нов пакет санкции против Русија поради нападот врз Украина, кој, меѓу другото, предвидува постепено укинување на увозот на руска нафта, но мерките се уште не се усвоени бидејќи за тоа е потребна согласност на сите земји-членки на ЕУ. Унгарија е одлучна против ембаргото и се закани дека ќе стави вето.
Комисијата минатата недела понуди до две милијарди евра поддршка за земјите од Централна и Источна Европа кои немаат излез на море, односно пристап до неруски залихи на нафта – а таа понуда практично се однесува на Унгарија, Чешка и Словачка.
На овие земји им е понуден и подолг преоден период да престанат да купуваат руска нафта.
Во обид да се справи со енергетската безбедност на долг рок, Европската комисија минатата недела објави план од 210 милијарди евра со цел да се стави крај на зависноста на Европа од руските фосилни горива до 2027 година, но не посочи како средствата ќе се поделат меѓу земјите-членки на ЕУ.
Еден од главните пречки останува сумата што ЕУ е подготвена да и ја плати на Унгарија за адаптација на нејзините две рафинерии, кои можат да преработуваат само руска нафта во моментот, изјави европски функционер за Ројтерс, потврдувајќи дека тоа е едно од клучните прашања што го попречуваат договорот за ембарго на нафта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…