Орден „8 септември“ за македонската историчарка и професорка

t

На истакнатата македонска историчарка и професорка проф. д-р Наде Проева денеска постхумно ќе ѝ биде доделен орденот „8 Септември“, едно од највисоките државни признанија.

Одликувањето ќе го врачи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија што ќе се одржи во претседателската резиденција на Водно.

Иницијативата за постхумното признание ја поднесе професорот Георги Гоце Дуртаноски, а Комисијата за одликувања при Кабинетот на претседателката ја прифати како признание за исклучителниот научен и општествен придонес на Проева.
Проф. д-р Наде Проева остави значаен белег во македонската и светската историографија, стекнувајќи углед како посветен научник, истражувач и автор на бројни дела посветени на античката историја на Македонија. Нејзините научни трудови се сметаат за важен придонес во проучувањето на македонската култура и историско наследство.

Покрај својата академска работа, Проева беше и долгогодишен колумнист, преку чии текстови ги изнесуваше своите ставови за историјата, културата и современите општествени прашања, оставајќи препознатлив печат во јавниот живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орден „8 септември“ за македонската историчарка и…

На истакнатата македонска историчарка и професорка проф.…

Тетовец добил закана: „Исплати 250.000 евра за…

Жител на тетовското село Добарце пријавил во…

Пензискиот систем е во дупка, покажува извештајот…

Наплатата на придонесите за пензиско и инвалидско…

ДУИ: ВЛЕН за две години ги урива…

Соопштение на ДУИ Демократската унија за интеграција…