Ормутскиот теснец е отворен за пловидба
Ормутскиот теснец е отворена за сите пловила што настојуваат легално да транзитираат низ овој меѓународен воден пат, соопшти денеска американската централна команда (Центком).
Американските сили се позиционирани и подготвени да осигураат дека слободата на навигацијата ќе остане достапна и покрај неоправданата иранска агресија, вознемирување, закани и произволни декларации, нагласи Центком на Х.
„Иран не го контролира протокот. Сообраќајот се одвива непречено“, се додава во објавата.
САД во текот на изминатата ноќ извршија нов бран напади врз Иран како одмазда за нападот врз контејнерски брод под кипарско знаме во Ормутскиот теснец, додека Техеран одговори со таргетирање на американски воени локации во сојузничките заливски држави и Јордан.
Центком претходно соопшти дека најновата операција била покрената како одговор на нападот од страна на Исламската револуционерна гарда на Иран (ИРГЦ) врз контејнерскиот брод „ГФС Галакси“ во стратешкиот воден пат.
ИРГЦ соопшти дека упатила предупредувачки истрели кон бродот и го запрела бидејќи се движел по неовластена рута. Според Центком, на бродот избувнал пожар, по што доѓло до оштетување во машинскиот простор и 300 метри долгиот брод не можел да го продолжи своето патување
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ормутскиот теснец е отворен за пловидба
Ормутскиот теснец е отворена за сите пловила…
Истрели од возило во движење во скопски…
Во СВР Скопје на 12 јули 2026…
MВР со слика генерирана од вештачка интелигенција…
Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа…
(Видео) Израел се подготвува самостојно да удри…
Израелската армија е подготвена за нови воени…
Уапсени 8 мажи во Скопје, Струга и…
На 11/12.07.2026 во Скопје, на различни локации…