Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии, соопштија вечерва од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
– На 27 ноември, Агенцијата за храна и ветеринарство заедно со службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во девет основни училишта во рамките на општина Карпош. Од секое училиште беа земени мостри од храна, како и брисеви од работни површини од кујните во училиштата. По направените анализи во испитуваните примероци не се докажани патогени бактерии. Освен во едно од училиштата каде на две површини е докажано присуство на ентеробактерии, што е индикатор на недоволна хигиена, појаснија од ИЈЗ, додавајќи дека информациите поврзани со резултатите од ОУ „Димо Хаџи Димов”, се веќе доставени.
Во соопштението се нагласува дека ИЈЗ ќе предложи иницијатива што ќе значи дополнителни промени во Националната годишна програма за јавно здравје, одредени правилници, законски и подзаконски акти, што се во насока на подобра хигиена во училиштата, градинките, како и побезбедна храна, вода во истите што ќе значи унапредување на теми поврзани со јавното здравје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго…
Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго…
Македонија се соочува со раст на ХИВ/СИДА…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави податоци…
Утре ќе се знаат првичните информации за…
Првичните информации за причините за стомачните тегоби…
ИЈЗ со препораки за населението во поплавените…
Институтот за јавно здравје вечерва излезе со…
ИЈЗ: Во моментов нема ниту минимално отстапување…
Во моментов нема никакво, ниту минимално отстапување…