Објавено на:

Османи бара отворање на мостот на Ибар: Нема што да се прашува Србија

t

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска изјави дека нема што да се прашува Србија за мост на територијата на Република Косово.

Османи денеска во Витина изјави дека изјавите на европските претставници за отворањето на мостот на Ибар се „расистички“ и дека не треба да се прифати прашањето за мостот да се разговара во Брисел.

„Ние немаме што да бараме од Србија, а не го прави ниту овој портпарол, мислам дека е од Словачка, кој не прашува ниту една од соседните земји кога ќе го помине неговиот мост. Нема што да се прашува Србија за мост на територијата на Република Косово. Никој не смее да прифати дијалог со Србија на оваа тема“, рече Османи.

Вели дека „тоа би било неуставно и против суверенитетот на Косово, но дијалогот со нашите сојузници не само што е неопходен, туку е и во наш интерес“.

„Овие војници – Американци кои служат на Косово – кои се подготвени да ги дадат своите животи, во исто време кога нашите војници и полицајци се подготвени да ги дадат своите животи, заслужуваат да седнат и да разговараат со нив. Тоа е најмалку. Ги молам граѓаните да го прифатат барањето на САД, да седнат и да разговараат со нив, но не како да се против Косово, а уште помалку против отворањето на мостот, бидејќи тоа би било логика против самото Косово“, изјави Османи.

На главниот Ибарски мост во Косовска Митровица, припадниците на италијанскиот контингент на КФОР и денеска се присутни со две возила, додека припадниците на ЕУЛЕКС уште патролираат околу мостот.

Србите не сакаат отворање на мостот и велат дека тоа ќе води кон ескалацијата. 

Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, денеска на социјалната мрежа Икс напиша дека целосно ги поддржува црвените линии на мисијата на НАТО – КФОР во Косово за главниот мост на реката Ибар.

Мостот кој ја дели Јужна Митровица, со мнозинство Албанци, од Северна Митровица, со српско мнозинство, е отворен за пешаци, но не и за автомобили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таксист влетал во ученици на блокадата во…

За време на денешната акција „Застани, Србија“…

Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…

МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…

Блокади ширум Србија и денеска – Студентите…

Студентите ширум Србија денеска во 11:52 часот…

По 100 евра за косовските пензионери и…

Косовската влада додели по 100 евра како…

Вучиќ за опозицијата: „Магариња и политички педофили“

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати нови навредливи…