Османи во Украина: Тоа што го видов уште повеќе го потврдува нашиот став за воената агресија на Русија

t

Во однос на работната посета во Украина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи придружен од претставници на украинската Влада денес го посети градот Ирпињ, место каде што има интензивни воени акции од самиот почеток на инвазијата.

„Тоа што го видов кај Ирпињ уште еднаш ме убеди колку нашиот став за осуда на оваа воена агресија е оправдан. Пронајдени се телата на бројни цивили, додека над 70 отсто од зградите се потполно или делумно уништени, вклучително болници и образовни институции“, изјави Османи и додаде дека неиспровоцирана агресија е кршење на меѓународното право, напад врз суверена земја и сериозен начин да се уништат темелите на меѓународната безбедност и стабилност.

“Посетата на Украина, е чин на поддршка и солидарност и овие сцени и слики се доказ за неразумна и деструктивна политика, која стои позади неа”, порача Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девизните резерви на Русија срушија нов историски…

Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…

Макрон: Не е време за укинување на…

Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…

Голем удар за Русија, хакерски напад го…

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…