Османи: Има напредок во преговорите со Бугарија, но сè уште сме далеку од заеднички јазик

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека има одредено приближување на ставовите со Бугарија, но, како што нагласува, не до позиција да се каже дека е најден заеднички јазик за надминување на разликите. Битно е посочува тој, да се најде решение од кое подеднакво ќе бидат и задоволни и незадоволни двете страни за да може да се продолжи со процесот на интеграција на земјава во ЕУ, што, вели, е од исклучителна важност и сега особено во контекст на новите геополитички случувања и конфликтот меѓу Русија и Украина.

Тој истакна дека на последната средба со бугарскиот премиер Кирил Петков разговарал за политичкиот процес, и за сите детали на прашањето, за сите негови апекти.

-На секоја средба има одреден прогрес односно одредено приближување на ставовите, меѓутоа се уште не можам да кажам дека сме во позицијата да речеме дека најдовме заеднички јазик за надминување на разликите како понатаму, бидејќи тогаш би требало како што имаме ветено да дојдеме во Скопје да ја информираме јавноста. Значи се уште не сме во таа позиција иако мислам дека ваквите чести средби даваат појасна слика на двете страни за тоа како понатаму дас се движиме во процесот, рече Османи на редовниот брифинг со новинарите.

Повтори дека нашата позиција се движи во рамки на Резолуцијата усвоена во македонското Собрание. Таму, нагласува Османи, јасно се исцртани контурите односно линиите низ кои можеме да се движиме.

-Разговараме по однос на истите прашања за кои зборуваме веќе година и поцвеќе во однос на имплементацијата на договорот за добрососедство од 2017, пакетот на прашања , политички прашања тогаш наречени 5+1, кои сега се во еден политички пакет, се разгледуваат со цел да се постигне како што најавувам еден сеопфатен договор односно сеопфатен протокол којшто треба да биде усовен од страна на меѓувладината комисија како инструмент на член 12 од Договорот, а потоа да биде одобрен од страна на двете влади. Значи нема некоја точка која што е различна од прашањата кои досега сме ги претставиле пред вас во рамки на тогаш пакетот 5+1 или пак сега како го нарекуваме политичкиот пакет прашања. Меѓутоа се уште не можам да кажам бидејќи ви ветив вам, ветив на пратениците кога ќе дојдеме во момент да си дадеме рака еден на друг оти тоа е решението, пред да бидат формализирани тие одлуки ние ќе дојдеме прво да ја информираме јавноста, пратениците, дали тие имаат забелешки по однос на тоа решение и потоа да почнеме се разбира да ги имплементираме сите тие чекори, рече Османи во одговор на новинарско прашање.

Тој последната средба со бугарскиот премиер Петков ја оцени како позитивна и конструктивна.

-Се гледа дека двете страни ја сфаќаат тежината на моментот, последиците од ова одблокирање сега во рамки на новиот геополитички текст. Разговаравме и на конкретни детали, конкретни решенија, меѓутоа се уште не се таму да можам да кажам дека најдовме заеднички јазик за тоа и тоа прашање, но наметнавме добра динамика. Јас очекувам дека брзо ќе имаме повторно средба, истакна Османи.

Министерот за надворешни работи верува дека во следниот период како ќе се зголемуваат изгледите за изнаоѓање решение, во двете општества ќе се јавуваат провокации од луѓе кои, како што истакна, цели кариери изградиле на ова прашање. Такви, според него, се и последните ставови изнесени од претседателот на бугарскиот дел од Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања Ангел Димитров.

-Тоа беа сериозни и тешки квалификации кои доколку беа кажани од аналитичар, јас би се обидел да ги игнорирам, меѓутоа во услови кога се кажани од претседател на Комисија формирана од Владата веќе дава одредена тежина. Јас предвидувам дека во овој период како ќе се зголемат изгледите за изнаоѓање на решение толку ќе се вознемират луѓе кои изградиле, ако можам да кажам и кариери на оваа тема и кои би сакале двете влади да се одвратат од ова позитивна динамика и да почнат да ја следат таа реторика, рече Османи.

Тој додаде дека никако тоа не може да го генерализира за бугарската Влада, која што во моментов, како што истакна, навистина е вклучена конструктивно да се изнајде решение.

-Се разбира тие имаат свои, ние свои позиции, но имаме дијалог без провокации. Дирекнто на отворени разговори ние ги кажуваме нашите позиции, тие ги кажуваат нивните и евентуалнно дали може да се најде решение прифатливо за сите. Јас реков и пред минстрите за надворешни раобти на доручекот дека тоа што очекуваме е достоинствено решение кое што ќе ги остави двете страни подеднакво задоволни или подеднакво незадоволни, истакна шефот на дипломатијата.

Во одговор на новинарско прашање Османи не ја исклучи можноста доколку во јуни не се одржат првите меѓувладини конференции со Македонија и со Албанија и почеток на преговорите за членство, Албанија да лобира и да бара одвојување на двете земји во процесот на интеграција.

-Доколку се случи такво одвојување односно Албанија ги продолжи интеграциите, а ние не, тоа ќе ја отежне нашата позиција. Затоа што – прво ќе создаде перцепција кај европската јавност дека процесот во регонот се движи сега сите се алармирани дека е блокиран и сите се обидуваат да најдат решение, а за нас нема да се движат. И второ ние би останале изолирани и уште под голем притисок за да направиме потешки компромиси. Така што, наш интерес е со Албанија да ги почнеме преговорите заедно, бидејќи тогаш имаме една регионална динамика, поголемо внимание, поголемо и геополитичката тежина на процесот отколу индивидуално, иако потоа секога земја ќе се движи со брзината со која напредува, рече Османи.

Одвојувањето, нагласува шефот на дипломатијата, би било краткорочен интерес на Албанија.

-Јас им укажувам и на колегите во Албанија, меѓутоа и на земјите членки дека дологорочно и Албанија ќе изгуби од таа поделба, затоа што 2019 беше обратна ситуацијата. Се зборуваше за одвојување, ние да ги почнеме, Албанија да не ги почне заради тоа што тогаш имаше проблеми со Холандија ако се сеќавате и со Франција. Денес можеби сме ние во полоша ситуација заради односот со Бугарија, но не знаеме дали за една година ќе биде обратно. Ние ќе бидеме подобри, а тие ќе бидат полоши. Ако си се влечеме еден со друг барем до една фаза, мислам дека долгорочно ќе имаме интерес, рече Османи додавајќи дека сепак останува нивно правото дали ќе побараат одвојување од Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Ој бе, легнете си со жените:…

Нов статус на пратеникот и лидер на…

(Фото) Путин потпиша декрети за признавање на…

Путин потпиша декрети за признавање на окупираните…

Бајден: Иан можно е да биде најсмртоносниот…

Тој рече дека бројките се уште не…

Гутереш: Нема место за анексии во современиот…

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе иницира…

(Видео) Автомобил се движи ,,рикверц” на патот…

На Фејсбук страницата на Гласот на Америка…