Османи: ОБСЕ работи на обезбедување мир и стабилност во регионот
Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ) во Стразбур и посочи дека ОБСЕ работи на спроведување на патоказ кој ќе придонесе за постепено решавање на проблемите и конфликтите во регионот, со цел за да се обезбеди долгорочна стабилност и мир.
Османи пред министрите на Советот на Европа ги презентираше досегашните активности како претседавач и ги издвои посетите на Украина, Молдавија, Јужен Кавказ, како и Србија и Косово, при што го истакна продолжувањето на работата на ОБСЕ во тие региони.
„Живееме во период на демократски пад и безбедносни предизвици поради руската воена агресија против Украина, која ги прекрши принципите на кои се засноваат нашите организации. Затоа приоритет на нашето претседателство е да обезбедиме суштинска поддршка на Украина и нејзината Кога ќе се врати мирот и кога Русија ќе ги повлече силите од суверената територија на Украина, ОБСЕ ќе ги стави на располагање сите свои капацитети за нејзино повоено закрепнување“, рече Османи, а соопштуваат од ОБСЕ.
Османи се осврна и на долгорочните конфликти и нестабилноста во регионот на ОБСЕ, за кои како претседавач презентираше патокази за постепено решение кое ќе доведе до долгорочна стабилност и мир.
Како што рече Османи, ОБСЕ е вклучена во широк спектар важни области за луѓето, а своите капацитети за регионот на Југоисточна Европа ги насочи кон помирување, борба против корупцијата и климатските промени.
И покрај предизвиците со кои се соочува Организацијата, таа ќе остане целосно посветена на своите приоритети, рече Османи.
Овие приоритети ги комбинираат активностите на ОБСЕ и Советот на Европа, чија заедничка работа е понеопходна и релевантна од кога било, рече Османи.
Со текот на годините, двете организации негуваа силна соработка во градењето живи и силни демократии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБСЕ најави дека ќе започне со подготовка…
Организацијата за безбедност и соработка во Европа…
Ахмети со шефот на ОБСЕ: Водиме битка…
Во седиштето на Демократската унија за интеграција,…
Блиц: Лајчак нов генерален секретар на ОБСЕ?
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог…
Албанија и Косово водат на Балканот по…
Во првата половина од годинава граѓаните од…
Струмица стана првата општина на Балканот која…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во…