Османи: Премиерот стои позади блокирањето на патот кон ЕУ
Вие знаете од мојата политичка кариера, јас не бегам од дебати, иако се обидувам во оваа кампања, да наметнам позитивна кампања бидејќи сметам дека политиката е натпревар на идеи, а не натпревар на пропаганда на навреди и измислици. Вчера имаше случај каде што штабот на мојот противкандидат сечел моја изјава за да прикаже еден поинаков став. Тоа не е начин на која треба да ја водиме кампањата, рече кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи за евентуална телевизиска дебата со неговиот противкандидат од ВЛЕН, Изет Меџити.
Османи не сака да дебатира со, како што вели, посредници, туку со „главниот Мицкоски бидејќи сметам дека тој стои позади проектот ВЛЕН, блокирањето на ЕУ, анулирањето на Охридскиот рамковен договор и влошување на меѓуетничките односи“.
-Сакам со Мицкоски да дебатирам секој ден за овие прашања. Ќе дебатираме и со другите, но сметам дека прашањето не е ВЛЕН туку тој што смета дека Албанците треба да се потчинат и да се фатат за уши или да се врати системот на моноетничка мајоризација. Ова не е само мој став како Албанец туку и Македонците од Чаир ми го кажуваат тоа. Важен им е животот во Чаир, кажа денеска потпретседателот на ДУИ.
За случајот со наводното прислушување од страна на АНБ, Османи бара декласификација на документите и жали што секои десет години, државата влегува во циклус на прислушување. Смета дека граѓаните веќе не се безбедни и бара разрешување на ваквите проблеми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…
Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Османи: Европската агенда на Македонија мора да…
Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…
Османи: СДСМ и ДУИ ќе кандидираат заеднички…
„Како никогаш досега, општеството е поларизирано по…