Османи: Уште осум граѓани бараат да бидат евакуирани од Украина

t

Уште осум граѓани од кои четворица наши, а четворица украински државјани, но во роднинска врска со нашите, бараат да бидат евакуирани од Украина, информира денеска на редовниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Од 120-те мапирани и контактирани наши граѓани, околу 80 проценти се веќе евакуирани, останати се осум граѓани коишто бараат евакуација, а се се уште во Украина. Од нив четворица се наши државјани, четворица се украински државјани, но во роднинска врска со нашите. Има и други наши граѓани околу 20, но тие не бараат евакуација, посочи Османи.

Додаде дека се обидуваат да ги евакуираат овие осум граѓани, а за останатите 20, како што рече, нема да прават напори да ги евакуираат се додека не добијат барање од нив дека сакаат да бидат евакуирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не е сигурен договорот со Србија за…

Државата обезбедува субвенционирана цена на електричната енергија…

Ердоган открива: Вечерва ќе разговарам со Путин…

Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган…

САД загрижени поради потенцијална нестабилност на Западен…

Амбасадорката на САД во НАТО, Џулиен Смит,…

Не гледај што правам, слушај што зборувам:…

Со жалење можеме да констатираме дека советничката…

Германските власти до граѓаните: Штедете го плинот,…

Германските власти ги повикуваат граѓаните да се…