Осум пијани возачи во Скопје – едно лице приведено!
Во текот на изминатата вечер (25/26.04.2026), во периодот од 21:00 до 03:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на подрачјето на општините Кисела Вода, Илинден и Ѓорче Петров, спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај.
При контролата санкционирани се осум возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а додека две лица одбиле да се алкотестираат. Tрojца возачи се санкционирани за останати сообраќајни прекршоци.
Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управување на возило под дејство на алкохол над 1,50 промили.
По целосно документирање на случаите за сите сторители ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави.
Акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум пијани возачи во Скопје – едно…
Во текот на изминатата вечер (25/26.04.2026), во…
РКЕ решава за цените на горивата –…
Регулаторната комисија за енергетика утре ќе донесе…
Николоски: Ако не се краде, има пари…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Кузеска: Сè што Маѓар сега го разоткрива…
Сè што Маѓар сега го разоткрива во…
Ивановски победи на полумаратонот во Дубровник
По недела по освоеното второто место на…