Осум повредени во невремето во Скопје
Осум лица биле пренесени во скопските болници поради повреди здобиени за време на силното невреме што го зафати главниот град.
Медицинските екипи интервенирале на повеќе локации, а повредените биле распоредени во неколку здравствени установи.
Според првичните информации, четири лица биле примени во Ургентниот центар, додека уште четири завршиле во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Најтешко повредена е 86-годишна жена од скопската населба Топанско поле. За време на невремето врз неа паднало дрво, по што итно била пренесена во Ургентниот центар со тешки повреди на главата.
Засега не се објавени дополнителни детали за нејзината здравствена состојба.
Уште едно лице, кое се здобило со посекотина на челото, самостојно се упатило во болницата „8 Септември“, каде побарало лекарска помош.
Надлежните институции најавија дека во текот на денот ќе бидат објавени повеќе информации за состојбата на повредените и за последиците од невремето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум повредени во невремето во Скопје
Осум лица биле пренесени во скопските болници…
УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…
Под влијание на циклонска активност времето утре…
(Видео) Невреме во Задар, автомобил падна во…
Силно невреме утрово го погоди хрватскиот град…
Невреме во западна Србија, издадено предупредување за…
Невреме со силен дожд, грмежи и локално…
Попладнево и утре ќе има невреме во…
Македонија во четврток ќе остане под влијание…