Отец Партениј: Света Гора е голем благослов не само за Православието, туку и за целиот свет
„Навистина, Света Гора е голем благослов не само за Православието, туку и за целиот свет. Додека светот се изморува од врева, брзина и непрестајно самоистакнување, Атон сведочи дека вистинскиот живот се раѓа во тишината, дека човекот станува слободен кога ќе се откаже од својата волја и дека најголемата сила се крие во смиреното повикување на името Исусово. Светиот великомаченик и исцелител Пантелејмон Го посведочи Христа со својата крв. Монахот, пак, е повикан секојдневно да Го сведочи со мачеништвото на совеста. Тоа е тивко мачеништво: да се умре за своето себељубие, за својата волја, за своите страсти; да се остане верен кога никој не гледа; да се љуби кога нема возврат; да се моли за светот што можеби никогаш нема да дознае кој се молел за него. Крвта на маченикот се пролева еднаш, а крвта на монашкото срце се пролева капка по капка, во послушанието, молитвата, бдеењето, покајанието и љубовта.“
~ Епископот Антаниски г. Партениј
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владиката Партениј одлучуваше на гробот на Пресвета…
На гробот на Пресвета Богородица во Гетсиманија,…
Епископ Партениј: Државата и јазикот ни се…
Пишува Епископ Антаниски Партениј,Игумен на Свештената Бигорска…
Што е тоа духовник и кој може…
Многумина од оние кои сакаат активно да…