(Фото) Откриен идентитетот на осомничениот од Македонија, ја напуштил работата поради „големи планови“
Австриската полиција го објави идентитетот на 19-годишникот кој го планирал нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена.
Се работи за Б.А., по потекло од Македонија, кој ја напуштил работата на 25 јули, велејќи: „Имам големи планови за иднината“.
Тој веќе бил радикализиран, соопшти виенската полиција и открила дека терористите имале конкретен план за нападот и дека тој требало да биде извршен вечерва или утре.
„19-годишникот сакаше да предизвика крвопролевање пред стадионот со автомобил и нож, а на крајот да се разнесе. Бил во контакт со уште двајца осомничени, од кои едниот работел како обезбедување на концертот“ – соопштија од виенската полиција.
Во куќата на 19-годишникот пронајдено е различно оружје – мачети, ножеви, детонатори, 21.000 фалсификувани евра…
Полицајци со кучиња го пребаруваат стадионот, но засега не нашле ништо.
„Кукавичкиот план на терористите беше да убијат што повеќе луѓе надвор од стадионот кои чекаа или слушаа музика пред зградата“ – соопштија од полицијата.
Како што рекоа на прес-конференција во Австрија, две лица се уапсени.
Запленети се многу материјали за изработка на бомби, а засега не се бараат други сторители, изјави главниот директор за јавна безбедност Франц Руф во соопштението за печатот.
На прес-конференцијата присуствуваа министерот за внатрешни работи и шефот на Управата за државна безбедност и разузнавање Омар Хајави-Пиршнер.
Еден од тројцата кои се под полициски надзор има хрватски корени, но е роден во Австрија, се наведува во соопштението.
Krone Zeitung претходно објави дека четворицата осомничени се под полициски надзор и дека еден од нив, седумнаесетгодишник со хрватско-турски корени роден во Австрија, веќе и е познат на полицијата. Како што навеле, 17-годишникот бил во контакт со терорист, а работел во фирма за обезбедување.
Меѓу нив е и петнаесетгодишен Австриец со турско потекло, кој исто така е веќе познат на полицијата.
За потсетување, три концерти на Тејлор Свифт закажани за денеска, утре и задутре во Виена се откажани поради планираниот терористички напад на стадионот Ернст Хапел. Се очекуваше околу 195.000 луѓе да присуствуваат на концертите на распродадениот стадион Ернст Хапел и уште околу 20.000 фанови да ги слушаат концертите надвор од стадионот. Парите за влезниците ќе им бидат вратени.
Истрагата за планираните напади се уште е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ до Мицкоски: Дали добивате „паничен напад…
Демократската унија за интеграција најостро го осудува…
121 година од објавувањето на „За Македонцките…
„Македонците, како посебен словенски народ, што низ…
АА: Власта поттикнува национализам и амнестира тероризам
Алијанса за Албанците во соопштение обвини дека…
Католиците и дел од православните го слават…
Католичките верници и дел од православните христијани,…
(Видео) Се урна патнички авион во Казахстан
Патнички авион на Азербејџан ерлајнс се урна…