Отпор во Битола: Искршено стакло на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола

t

Од бугарскиот Културен центар велат дека прашање е дали ова е само вандалски чин или станува збор и за нешто друго.

Денеска наутро во Битола било искршено стакло од објектот што го користи секретарот на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“, објавија од центарот.


„Повторно се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго“, велат од Културниот центар.

За случајот тие пријавиле во СВР Битола и очекуваат сторителите да бидат откриени и санкционирани. Исто така, го известиле и генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.

Бугарските медиуми потсетуваат дека на 29 јануари имало и друг инцидент кога било скршен прозор на автомобилот на претседателот на Здружението за бугарско-македонско пријателство, Добре Митрев.

„Тоа што е случи е многу сомнително, особено затоа што од автомобилот не се украдени вредни предмети вклучително и пари, туку одземена е само една торба со документи“, изјави тогаш Митрев за БГНЕС.

Изминатите денови беше регистриран уште еден инцидент кога беа отстранети ленти од венците положени од бугарските делегации на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ по повод одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на револуционерот. За овој чин, по налог на официјална Софија, бугарската амбасада во Скопје испрати нота во која изрази длабоко жалење за вандалскиот чин.

Македонското МНР, пак, денеска излезе со остра осуда за настанот лоцирајќи ја вината кај навивачките групи.

„За овој настан, Министерството за надворешни работи официјално ја извести Република Бугарија дека надлежните институции на Македонија веќе ги презедоа сите потребни чекори и постапки со цел откривање на сторителите на овој немил инцидент, преку кој се прави обид да се фрли сенка на обележувањето и чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев, на неговиот гроб, но и на угледот на нашата држава и на делегациите од Бугарија кои учествуваа на овој свечен чин на чествување на оваа голема историска личност, значајна за сите нас“, рекоа од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот европратеник Ќучук: После толку обиди за…

Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан…

Бугарски професор: Ветото е бугарска глупост на…

Бугарскиот професор Евгени Даинов вечерва во дебатниот…

Одлуката за Македонија ќе се носи во…

Коалицијата имаше многу конструктивен дијалог на темата…

Османи кон Кулеба: Македонците како никој друг…

Русија не само што ја мрази соседната…

Коалиционите партнери на Петков: Украина не може…

„Очекуваме да слушнеме што ќе се случува…