„Очекувам истрага и кривична пријава“: Пандов доставил „информации за неправилности во работењето на Затворот Скопје“ до ОЈО и МВР
В.д директорт на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, денеска до Основното јавно обвинителство во Скопје доставил информации во врска со индиции за незаконито работење во затворот Скопје, поточно во истражниот затвор Шутка. Ова за Инфомакс го потврди Пандов кој истакна дека до МВР и ОЈО се доставени сите информации со кои во моментов се располага.
– После извршена вонредна контрола во затворот во Шутка, не е констатиран само недостаток на затвореници туку таму се појавуваат и неправилности во целото работење. Ние како Управа, сите собрани докази, изјави од затворска полиција и од затвореници ги доставивме до МВР и ОЈО. Тука нашата истрага не завршува, таму има сега нов директор кој сега ќе се вклучи во расчистување на сите неправилности и криминали направени во затворот, но во понатамошната истрага ќе бидат вклучени и МВР И ОЈО, а ОЈО има право да повикува да се дадат изјави и слично.
Кога ќе се комплетира материјалот, јас сум сигурен дека ќе се поднесе кривична пријава, не само против Филип Андов, туку и против останати лица, истакна Пандов кој вели дека биле констатирани неправилности во набавките, делот со кантината и слично, што ќе може да се утврди кога ќе влезат вешти лица и подетално ќе ја разглобат целата работа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…
Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…
Ни трага ни глас од скандалот на…
Ни трага ни глас од скандалот на…
И денеска може да подигнете лични карти,…
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…