ОЈО ГОКК со нови детали за предметот за судијата Ристов: Истрагата траела речиси година дена – „Се појави мала дупка, почнаа да паѓаат пари“
Истражните дејствија за случајот со апелациониот судија Ѓоко Ристов траеле речиси година дена, објасни обвинителката Искра Хаџи Василева од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, која го води овој предмет.
Покрај ОЈО ГОКК, во дејствијата помогнале и МВР, АНБ, Управа за финансиско разузнавање и Финансиска полиција.
– За целиот овој предмет ние како Обвинителство водевме грижа да ја зачуваме и пресумпцијата на невиност на обвинетиот, со цел да се заштити постапката од влијание. Водевме сметка и за неговото загарантирано право по закон, имунитетот, нагласи обвинителката која даде хронологија на настаните, како иницијално започнала оваа истрага.
– Истрагата тргна од пријавени наводи во однос на судии во Апелација, потоа случувањата беа една форма на мозаик, ќе дојде сведок кој ќе каже дека му се влијаело од страна на адвокати, вклучени повеќе луѓе со влијание, барате каде се обидите за влијание. Дел од кажаното се зема во шпекулативна форма, правите проверки, се бара објективна слика, факт. Имате телефони кои се појавуваат во истрага, имаме опрема која ни дава повеќе можности во истрагата, ќе најдете интересни разговори меѓу затвореници. Сакам да кажам не е од еден наод градена истрагата. Отприлика година дена трае. Се појавија различни предмети кои се од сосема друга природа, се барале патишта за влијание, објасни обвинителката.
Посериозните контури на предметот сепак започнале со предметот на поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа.
– Контурите почнаа да се исцртуваат со предметот на Фехми Стафа, со наводи и докази кои беа доставени. Наводите се за лицето Љупчо Пецов кое е веќе осомничено во еден предмет, „Синџир“, беше во бегство, имаше активно решение за притор, па се барале пари да се укине тој притвор. Имало жалби, одлуки, не е одлучено еднаш, одлучувано е повеќе пати по тој предмет. Во однос на Фехми Стафа, ние мислиме дека доказите несомнено го товарат во тој дел, за примање награда за противзаконито влијание. Осомничениот беше фатен со вториот износ од 30, претходно се побарани уште 20, до вкупно 100.000 евра за да се укине таа мерка, ние имаме докази за 50.000 евра, за тие тврдиме, објасни обвинителката.
Таа нагласи дека Обвинителството не тврди дека овие конкретни пари ги земал судијата Ристов.
– Нема конкретен доказ дека овие пари ги примил судијата. Фехми Стафа не беше никогаш ставен на ПИ мерки. Има и други сведочења, ќе видиме што ќе донесе натака истрагата, Ѓоко Ристов не бил никогаш под ПИ мерки. Течат финансиски проверки и финансиска истрага, финансиските истраги бараат повеќе време, тешки се. Паралелно со финансиската истрага станува јасно дека барате кеш пари, во еден дел разбирате дека е тешко да се најдат и тргнувате по парите. Имаше многу луѓе кои пријавуваа, во формална и неформална смисла, не само за Фехми Стафа, дел дејствија на адвокати, но сето тоа градеше контекст, вели обвинителката.
Од ОЈО ГОКК објаснија како течеле претресите на трите локации.
– Беа направени проекции од недвижност, имот и легитимен приход од државните плати. Беа направени претреси на неколку локации кои оперативно беа најлогични за проверка, првично не беа пронајдени средства ама и тука не е лесно да барате пари. При првиот увид не беше пронајдено ништо, па се проба уште еднаш во домот на родителите во Неготино и со макотрпна работа на истражителите и полицајците, отидовме поспремни и со техничка опрема, се пронаоѓа потазе цемент, на прашање претходно дали правеле нешто во скоро време одговараат со „не, не сме правеле“, на крајот испадна во ѕид. Различни плочки кои не се поклопувале и биле испокршени, рачно тропкање и дел од опрема за проверка, се потрудивме што поелегантно, се појави мала дупка, дупката се прошири и почнаа да паѓаат пари. Присутни беа членови на семејството, претресот е законит. Доминантно по 500 евра банкноти и други, објаснија од Обвинителството.
– Двата претреси се на слична локација, првиот пат не беше најдено ништо, вториот пат се пронајдени парите. Не наведуваме ние од колку предмети се парите или од кои предмети, наведе обвинителката.
Од ОЈО ГОКК велат дека не се убедени во исказите дека парите пронајдени во ѕидот се од земјоделие.
– Во вчерашниот ден пред судија беше изнесена одбраната на осомничениот, исказот на родителите дека парите се нивни мене не ме убеди, ниту се чини кредибилна, одбраната дека се од родители или од земјоделие мене не ми се убедливи, истакнаа од Обвинителството.
Запрашани зошто не барале притвор, одговорија:
– За судијата, применети беа сите механизми да се превенира евентуално бегство. Ни требаше кратко време за проверките, судијата е на активно боледување и се размислуваше дали е логички да се предложи претрес, оваа мерка е балансирана и пропорционална, не е исто да фатите некој на чин на правење на делото, таа мерка може да трпи во секој момент промена, на построго или поблаго.
Придонесот на АНБ во целата истрага е што до ОЈО ГОКК доставиле нивни индиции за сторено кривично дело од финансиска природа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО ГОКК со нови детали за предметот…
Истражните дејствија за случајот со апелациониот судија…
Сакале да пијат алкохол пo полноќ, сопственикот…
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за…
Внук осомничен за обид за убиство на…
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…
Обвинение за мажот и жената кои помогнаа…
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против…
ОЈО поведе постапка против 20 лица кои…
Под раководство на јавен обвинител од ОЈО…