ОЈО донесе наредба за истражна постапка против 25 годишник под сомнение за кривично дело- убиство
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
На 17 јули, во вечерните часови во Чаир, осомничениот со мотор со голема брзина поминал покрај оштетениот и уште едно лице кои се движеле пеш и ги испрскал со вода насобрана на асфалтот. Застанал и му се извинил само на сведокот, додека со оштетениот најпрвин започнал да се расправа, а потоа и физички размениле неколку удари.
Осомничениот најпрво избегал, но потоа ги пречекал во близина на детската градинка „Фидани“ и со пиштол испукал еден куршум кон оштетениот, нанесувајќи му огнострелна повреда во десната страна на градниот кош и оштетувајќи му неколку органи. Сторителот веднаш повторно се дал во бегство, информира Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а притворската мерка треба да се применува по неговото лишување од слобода. МВР постапува за пронаоѓање на осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…
Спасовски за говорот на претседателката Сиљановска-Давкова: „Не…
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за…
Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер…
Морам да напоменам дека обраќањето не беше…
Мицкоски најави проширување на истрагата за „Државна…
Истрагата за државната „Лотарија“ се проширува. Злоупотребите…
Ватикан: Што значи Светата година 2025?
Теологот од Аугсбург, Јорг Ернести добро се…