ОЈО за ТВ21: Со објавените снимки не може на ниту еден начин да се наштети или влијае врз постапката за нападот на ракометарот Тот

t

На социјалните мрежи кружи видео од безбедносни камери на кои може да се види нападот на ракометарот Денис Тот.

Од Основното јавно обвинителство за ТВ21 посочуваат дека сите снимки од видео надзорот во критичниот момент на наведената локација се обезбедени и се анализираат.

Од таму велат дека со објавата на видео снимките на ниту еден начин не може да се наштети или да се влијае врз постапката.

„Сепак, апелираме за воздржаност при објавата и споделувањето на видеата, чија содржина може да биде вознемирувачка за јавноста, а особено за семејството и блиските на починатиот. Јавното обвинителство во целост ќе го расчисти настанот, а кривична одговорност ќе понесат сите за кои ќе се утврди дека сториле кривично дело“, посочуваат од обвинителство за ТВ21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…

Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…