Павле Трајанов повторно го тpece мнозинството: Од нас зависи дали ќе биде изгласана Владата на Ковачевски
Заедно со другите помали партии одамна бараме Македонија да биде една изборна единица, оти од нас зависи дали ќе биде изгласана владата или не. Ние имаме конкретен предлог за тоа уште од март минатата година и очекуваме за ова набргу да се закаже седница, изјави лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов во своето гостување во „Утрински брифинг“.
За изборниот праг може да преговараме, но, додаде тој, во првиот круг прагот треба природно да се формира.
-Неколку пратеници, 7, 8 или 11 зависи, одржавме средба и се усогласивме. Од сите мали партии зависи дали ќе останеме цврсти и единствени за прашањето Македонија да биде единствена изборна единица. Така се гарантира демократија – рече Трајанов на Утрински бифинг.
Имајќи го во предвид бројот на пратеници со кои располагаат малите партии чиј клучен интерес е Македонија да биде една изборна единица, доколку не биде прифатено барањето на Владата на Ковачевкси ќе падне пред да се состави.
Трајанов пред некој ден постави услов дека или Македонија ќе биде една изборна единица без изборен праг или ДС нема да ја гласа новата влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…
Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…
Законот за средно обеазование е повлечен од…
Владата ќе го раскине 17 милиони евра…
Владата планира да го раскине договорот со…
(Видео) Османи: Не размислуваме да влеземе во…
Во оваа Влада не размислуваме да влеземе,…
(Документи) Фалинки или фалсификати во образованието на…
Во која нормална држава за директор на…