Павле Трајанов повторно со критика за пописот: Tие што живеат во странство не можат да бидат дел од вкупно население

Собранието да расправа за пописот и да донесе измени и дополнувања на Законот за попис на населението, да се комплетираат податоците за 132.000 непопишани граѓани, а Владата да формира деветчлена експертска комисија која ќе ги провери податоците од пописот и ќе ги отстрани евентуалните грешки.
Ова го бара пратеникот и претседател на Демократски сојуз, Павле Трајанов, кој истакна дека веќе го доставил барањето до собранискиот спикер Талат Џафери.
– Да се донесат измени и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, со кои од пописот ќе се изостават нерезидентите. Преку вкрстување на податоците од евиденциите, но и со директен контакт со лицата кои не се попишале, да се соберат податоците согласно прашалникот за попис. Владата на Република Северна Македонија да формира Експертска комисија составена од девет члена, која во соработка со Државниот завод за статистика и другите државни институции ќе ги провери податоците од пописот и ќе ги отстрани евентуалните грешки – порача Трајанов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поднесено е обвинение против 10 члена на…
По акцијата за разбивање организирана криминална група…
Починаа две новороденчиња близначиња на возраст од…
Две новороденчиња, близначиња на возраст од околу…
Лазаревски: Кога видовме дека можеме да се…
„Малку сме со измешани чувства по натпреварот…
Уапсен 23-годишник во Аеродром, полицијата му одзеде…
Полицијата одзеде боксирач од млад маж во…
Среќа во несреќа: 17-годишник се качил на…
На пругата на територија на Кисела Вода…