Паднаа првите санкции за недела неработен ден: Инспектори упаднаа во угостителски објект

Инспектори за труд денеска веќе фатиле работодавач кој не ги пријавил вработените кои ги ангажирал да работат неделава, ден кој од денеска законски е неработен. Станува збор за угостителски објект.
Пред камери влегле во објектот и затоа што денеска е прв ден изрекле само опомена, но не и казна. Сепак, ова правно лице веќе е влезено во евиденција. Ако повторно биде откриен да работи во недела ќе плати и казни и објектот ќе биде затворен.
Од Инспекторатот, за Сител велат дека најчесто постапуваат по пријава, но денеска постапиле по случаен избор.
За обејктите кои ќе работат во недела, работодавачите најдоцна до сабота треба да поднесат листа со вработени кои ќе работат. Согласно законот, тиа треба да добијат дневница повисока за 50 отсто.
Казните за прекршителите се затворање на објектот 15 дена, а ако по втор пат го повтори делото, ќе се соочи со забрана за работа од 30 дена. Работодавачите ќе плаќаат и парична казна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…
Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…
Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…
Одговорноста има име и презиме, тоа е…
3.712 контроли на терен: Инспекторите на УЈП…
Од почетокот на годината, заклучно со 30…
Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…
Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…
Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…
Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…