Падна договор власт-опозиција: Трудо останува на власт уште три години

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека неговата Либерална партија постигнала договор со опозициската Нова демократска партија да остане на власт до 2025 година.
-Ова значи дека во ова неизвесно време, владата може да функционира предвидливо и стабилно, да презентира и спроведува буџети и да обезбедува услуги за Канаѓаните, рече Трудо.
Либералната партија на Трудо повторно победи на изборите во септември, но не успеа да освои мнозинство во парламентот и мора да се потпре на опозицијата за усвојување на законот.
Левичарската партија НДП ќе ги поддржи либералите на Трудо во замена за договори за плановите за фармацевтска и стоматолошка заштита, но нема да има членови во кабинетот на Трудо.
-Се договоривме да работиме заедно. Станува збор за фокусирање на тоа за што се согласуваме место за тоа за што не се согласуваме, рече Трудо. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поразен “дрим-тимот” во кошарката: Канада ги победи…
Кошаркарската репрезентација на Канада дојде до својот…
Ковачевски-Жоли: Длабоко го цениме партнерството со Канада…
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар…
Петровска – Жоли: Покажавме заедништво во зацврстувањето…
Македонија и Канада покажаа заедништво во зацврстувањето…
Министерката за надворешни работи на Канада утре…
Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани…
Џафери до опозицијата: Ако сакате избори поднесете…
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави…