Падна договор: Црна Гора добива малцинска влада и Албанец премиер

t

Претставниците на Граѓанското движење УРА, СНП и малцинските партии постигнаа начелен договор за новата, малцинска влада на Црна Гора, дознава Црногорската телевизија.

Според договорот, во малцинската влада, премиерското место треба да припадне на ГП УРА, а едно вицепремиерско место на СНП и Бошњачката партија.


Според неофицијални информации на Телевизијата на Црна Гора, се разговарало и за тоа дека СНП ќе има ресори – финансии, здравство, земјоделство, образование и друг ресор, како и функцијата шеф на парламентот, објави порталот РТЦГ.


Партиите на малцинствата треба да го покриваат Министерството за капитални инвестиции, информатичко општество, човекови права, труд и социјална заштита.
Опција е и идниот министер за надворешни работи да биде дипломат од кариера.


Во новата извршна власт, според начелниот договор, дел од фотелјата би останала за непартиски личности.
Во конечната структура, владата би имала 18 ресори и тројца потпретседатели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во денови на жалост Владата троши 400…

22 милиони 857 илјади и 961 денари…

(Видео) ЗАРАДИ ОВА ИМАШЕ ЗАБРАНА ЗА ДРОН?!…

Радио МОФ објави снимка на која се…

Нема веќе молк, нема повеќе страв –…

Нема веќе молк, нема повеќе страв -…

(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…

Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…

Влада: Упатуваме апел до медиумите кои емитувале…

Владата на Република Македонија преку соопштение упати…