Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален, граѓаните живеат се потешко, а СДСМ бележи напредок

t

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален, тој е последица на нивната некадарснот во водењето на државата. Граѓаните препознаваат некадарност, живеат се потешко, куповната моќ им се намалува, платите ги јаде инфлацијата, а власта нема решенија, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска при нејзиното гостување во „Слободен печат“.

–Според внатрешните истражувања што ги спроведуваме, СДСМ бележи напредок. Истовремено, податоците од истите истражувања укажуваат на драстичен пад на поддршката кај ВМРО-ДПМНЕ. Овој тренд е директна последица на нивната реална некапацитираност и некомпетентност во управувањето со ресорите. Граѓаните живеат се потешко, истакна Чупеска.

Таа потенцираше дека СДСМ не се води од импровизации и дека стратегијата за настап на локалните избори се темели на детални истражувања, сериозни анализи и демократски внатрепартиски консултации. Тоа е темелот врз кој се гради програмата, но и изборот на кандидати.

-СДСМ со посветеност и одговорност се подготвува за претстојните локални избори. Работиме темелно, стратегиски и координирано – и на терен и во аналитичкиот дел – со фокус на создавање на силна, конкретна и содржајна програма која ќе понуди решенија за најактуелните проблеми со кои се соочуваат граѓаните во различни општини. Да имаме силен настап на локалните избори со најдобрите можни кандидати – луѓе со интегритет, кредибилитет, професионално искуство и реална препознатливост во своите средини. Во моментов СДСМ работи на составување на листа од професионалци за градоначалници – вклучително и за Скопје, со кои ќе излеземе на изборите и ќе ја вратиме довербата на граѓаните, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска за Слободен печат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…