Пак се скараа Влен и ЗНАМ, овојпат Ибрахими до Филков: Знаеш со што се соочува тој што не го почитува уставот и законот
Пратеникот Зеќирија Ибрахими од Беса се огласи на социјалните мрежи со обраќање до министерот за Правда, Игор Филков, истакнувајќи дека правосудниот испит претставува управна, а не правосудна постапка и дека тој мора да се води на јазикот на заедницата согласно Уставот и Законот за употреба на јазиците.
Објаснување до министерот за Правда, Игор Филков
Г. Министре, не ви ги знам политичките калкулации, сакате да играте улога на војвода или на политичка жртва, тоа е ваша работа, ама уставот на Република Северна Македонија (Амандман V) и Законот за употреба на јазиците (член 2, став 2) јасно и недвосмислено прецизираат дека УПРАВНИТЕ ПОСТАПКИ низ сите институции од централната власт (и на локалната власт таму каде има население што е над 20%) се водат и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од населението.
Следствено, правосудниот испит е чисто управна постапка и не може да се третира како правосудна постапка.
Како правник што си, сакам да верувам дека знаеш со што се соочува тој што не го почитува уставот и законот“, стои во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пак се скараа Влен и ЗНАМ, овојпат…
Пратеникот Зеќирија Ибрахими од Беса се огласи…
Полскиот претседател: Полска треба да ја започне…
Полска треба да развие сопствена програма за…
Финскиот министер за одбрана: Русија ги зајакнува…
Русија го интензивира своето воено присуство на…
Мисајловски: Македонија има стратешки пријатели, имаме стабилна…
Мисајловски рече дека планот за мир на…
ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може…
Таканаречените „досиеја на Епстин“, кои неодамна ги…