Објавено на:

Пак јаделе лилјаци? Нова подваријанта на Омикрон откриена во Шангај

t

Во Шангај е регистриран случај на инфекција со нов субваријантен омикрон сој БА 5.2.1, изјави Жао Дандан, потпретседател на градската здравствена комисија.

Тој вели дека новозаразениот е од населбата Пудонг и дека го поврзуваат со случај кој пристигнал од странство.

Во Шангај на почетокот на јуни беше укината блокадата која траеше околу два месеци, но се уште се во сила рестриктивните мерки.

– Во градот има се повеќе пријавени локални преноси на вируси и ризикот од ширење на епидемијата во општеството е сè уште многу висок – предупреди Дандан.

Најголемиот кинески град се подготвува за уште една кампања за масовно тестирање, во која луѓето во неколку области ќе треба да се тестираат двапати од вторник, 12 јули до четврток, 14 јули.

Минатата недела веќе беше наредено масовно тестирање со оглед на зголемениот број случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела починале 4 лица: Регистрирани…

Во периодот од 9 до 15 септември…

За десетина дена ќе стигне донација од…

Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…

Две лица починале: Регистрирани се нови 213…

Од 19 до 25 август, тестирани се…

Зголемување над 60 проценти на болни од…

Од 12 до 18 август во државава…

Десеткратно зголемување на бројот на заразени од…

 Во текот на месец јули, пријавени се…