Палевски: Имав 200 илјади телефонски разговори на бизнисмени со Ферари, ако сакав пари ќе ги уценував

t

„Не сум ги извршил ни убиствата ни грабнувањата зашто во депото на јавното обвинителство има хард диск Тошиба со 200 илјади разговори, гнасотии на политичката елита но и на новинарската професија. Да сум сакал да организирам нешто од користољубие сум можел да уценувам милијардери со Ферари но тоа не сум го направил. Немам мотив да направам такво злосторство“, изјави Љупчо Палевски.

Тој рече дека живеел и работел во партијата по 18 часа последните три години. Имал десетици состаноци дневно и 50 телефонски разговори дневно, односно опиша дека имал интензивен живот. За Кешишев рече дека бил политички неук но стабилен и си ја сакал Македонија. За Велибор Манев рече дека го знае од партијата и го опиша како амбициозен и алчен за пари, а имал и неколку конфликти за пари.

„Со Стефан Димковски имале нерасчистени односи па имаше агресивен испад меѓу нив двајца на состанок на партијата каде морав да санирам, за механизација што не му ја доплатил. Но Трајче Петрушев му позајмил илјада франци кои Велибор не ги вратил па ме извести мене како претседател на партија. Ми прати документ од Вестерн Унион каде се гледа дека му дал илјада франци на Велибор по што јас го решив тој проблем, сведочеше Палевски. Боре Видевски беше зачленет од страна на Велибор Манев во Десна. Скромен и дисциплиниран. Александар Ѓорчевски првпат името и презимето му ги прочитав во кривичната пријава во ќелија“, рече Палевски.

Себеси се опиша како политичар и бизнисмен.

„Регистрирав политичка партија и бев избран за нејзин претседател. 20 години се занимавам со политика а претходно правев згради. Она што е од интерес за овој судски процес, во периодот од последните 3 месеци и последниот месец ноември. Претходно како политички субјект бевме многу конфронтирани со владата и политичките процеси што се случуваа во ноември месец. Организирав и собрав потписи за референдум за народот да се изјасни за договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија. Уште сметам како и тогаш дека кога се работи за историја и идентитет на еден народ не може тоа да биде политичко прашање на ниеден политички субјект во државата туку мора да е референдумско изјаснување на народот. Тоа беше во првите две недели од ноември 2023, една брза акција во Парламентот. Таму комисија одлучуваше по моето барање, барањето беше одбиено формално од тривијална причина дека во прашањето името на договорот било погрешно. Истиот месец беа скенирани 50 илјади декларации подготвени за предавање на оригиналите на повардарскиот митрополит Агатангел. Во исто време се организираа и неколку општински организации на Десна. Секој вторник среда петок сабота и недела емитував јас лично програма во живо на неколку социјални платформи. Секој вторник во 10 часот одеше поткаст ЛицеУм. Во среда Крш дебата од 21 часот, во петок извршен комитет на партијата на Зум зашто имавме четворица членови од Македонците во светот. Во ноември 2023 заврши проектот Банкстери за перење пари во Македонија во официјални банки поддржано од Народна банка на Македонија. Проектот започна со емитување на 28 ноември во 21 часот, а требаше да биде на 26 ноември. Доцнењето беше што доцнеа некои изводи од сметки и пасоши за мега трговци со оружје од Иран кои имаа депозити во македонски банки. Не беа стигнати уште тие докази кои беа последни што недостасуваа. Тоа беше причината за одлагање на Крш 113 епизодата од поткастот. Во тој серијал на документи и криминал кој беше објавен само во мал дел од три документи зашто после тоа бев уапсен, се наоѓа причината за убиството на Никола Младенов. Се работи за фирма од Велес широко езеро преку која се испумпани огромни пари надвор од Македонија. Објавени се во ноември месец 540 милиони долари веродостојни сметки, 420 милиони долари во комерцијална банка Скопје на име на ирански државјанин од страна на стејт департментот. И 120 милиони долари замрзнати во капитол банка. Таму има лични податоци на иранскиот државјанин но ја објавивме и одлуката за замрзнување на тие пари во Македонија зашто иранскиот државјанин продавал шахид ирански дронови на руската федерација. Средствата се од набавка на дронови на Србија. Не продолжив да објавувам зашто бев уапсен а требаше да следат 10 епизоди дека Македонија е најголема пералница на пари после Швајцарија. Но не со видеа од двор туку со документи. Сето тоа го правев сам во организациска смисла и одговорност, со 5-6 соработници од кои двајца се надвор од Македонија. Сето тоа како и ангажманот од ноември 2023 е најдобра слика за мојата работа“, рече Палевски.

Според него, бил наместен зашто почнал да објавува дека во македонски банки се перат пари од продажба на ирански дронови во Русија, а дека иранскиот државјанин ги имал сметките во две македонски банки.

„Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски се директно одговорни за перењето пари зашто Спасовски дозволил нерезидентен државјанин да отвори сметка во НАТО банки во Македонија. А износите депонирани во македонските банки се доволна причина да ми се изврши морален атентат и да бидам компромитиран. Медиумите се комплетно корумпирани од банкарскиот сектор и без поддршка од банкарскиот сектор нема да постојат. Година ипол врескаат дека има докази. Јас додека бев во Турција имав турски адвокат што ме застапуваше таму и ми даде принтана копија од вестите каде бев опишуван како што бев опишан. На прес конференција одржана на 5 декември кога е поднесена кривичната пријава имало само едно вештачење во моменти на одржување на тој прес. Јавното обвинителство до подигање на кривичната пријава го има вештачено само телефонот на Панче Жежовски. Сите останати вештачења се правени после прес конференцијата. Но прашањето ваква масовна истрага кој и зошто ги брифирал со лаги медиумите веќе е одговорено. Сведокот Гоце Трајковски кој глуми Шерлок Холмс лично тој на Каришиќ му праќал скринови од некакви инфлуенсерки, како што е Миа Костова, Мери Јордановска новинарката кои тврдат дека јас сум бил очув на Вања. Тоа некој им го пласирал на онаа багра позади стаклото, поточно професија која егзистира крајно непрофесионално без ниеден доказ со шпекулации од луѓе како посочениот Гоце Трајковски. Такви лаги се истурени во огромна количина. Во исто време директорот на КПУ затвор вршел приватни истраги, ги тепал и распрашувал обвинетите а потоа разговорите со нив му ги праќал на Гоце Трајковски. Самиот Гоце се фали на Каришиќ што се дознал преку неговиот брат Сокол. Така се хранети медиуми со лаги кои биле должни да ги проверат за да се заштити и мојот и интегритетот на убиеното дете. Но тоа не го направиле. После година ипол од настанот нема наслов во медиумите каде монструмот го посочува оружјето со кое постои веројатност да е сторено кривичното дело. Таков наслов во нашите релевантни медиуми не постои. Самата политика што ја почнавме, со Десна, е причина за ваквиот однос на медиумите бидејќи сме единствена партија што покренала иницијатива за референдум во однос на бугарската агресивна политика кон Македонија. Примерот со организација на референдум за така важно прашање мора да биде искомпромитиран зашто се поставува прашањето зошто власта тоа не го прави. Бидејќи референдумско изјаснување е над уставот, законите и било која власт и со таков референдум прекинуваат било какви политичли разговори за идентитет и јазик, што оваа власт и претходната и таа пред неа никогаш не го прашала народот. Имав брутален медиумски линч од портали под контрола на СДСМ и ВМРО. Организацијата отиде и подалеку од наслови па адвокатската професија јавно преку медиумите се прозиваа да не ме застапуваат што подоцна ќе кажам зошто е правено и ќе докажам како сум киднапиран од овој основен кривичен суд Скопје“, рече Палевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски: Имав 200 илјади телефонски разговори на…

„Не сум ги извршил ни убиствата ни…

(Видео) Левица поднесе интреплација за Тошковски

Пратеничката група на Левица денеска во Собранието…

90 годишен тетовец пукал со пиштол, го…

Ноќва во 01.55 часот на улица „116“…

Палевски: Ниту сум монструм, ниту убиец, јас…

Љупчо Палевски – Палчо сведочи за убиствата…

Исчезнат велешанецот Стојче Пецевски

Вчера околу 10.50 часот во реонот на…