Палевски на 30 ноември избегал од Македонија, ќе биде издадена меѓународна потерница
Тројцата од сите петмина инволвирани во кривичното дело имаме признание за целиот ангажман и кој какви дејствија презел и кој за што бил задолжен, Ова денеска го истакна шефот на Скопското јавно обвинителство, Гаврил Бубевски на прес-конференција.
Според него, ова дело се казнува најтешко што може како казна според законите во земјава.
-Ќе биде издадена и меѓународна потерница за лицето кое не е во државата. Мотивот е користољубие, но при грабнувањето, веќе е чисто убиство и се казнува најстрого според Кривичниот законик, рече Бубевски.
Љупчо Палевски-Палчо е лицето кое е нарачател на убиството на малолетничката Вања Ѓорчевска, како и на берберот Панче Жежовски. Тој во моментов не е достапен за органите на прогонот.
Министерот Оливер Спасовски нагласи дека Палевски ја напуштил државата на 30 ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Премиерот излегува ти кажува сме станале новиот…
Андреј Жерновски вели дека според Евростат, последни…
Министерката за финансии му се закани на…
Како и на генералните седници за пратенички…
Како до сега: Штрајк на контролорите на…
индикатот на контролорите на летање на Македонија…
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…