Пандемијата не им е оправдување: Израел со најбрз економски раст во последните 21 година

Минатата година израелската економија имаше најбрз раст во последните 21 година, објави Централното биро за статистика на оваа земја.
Посочено е дека потрошувачката, извозот и инвестициите во 2021 година пораснале двоцифрено, што претставува закрепнување за време на пандемијата на коронавирус.
Економскиот раст беше 8,1 отсто, што е значително над претходната проценка на Централната банка на Израел дека растот ќе биде 6,5 отсто. Заводот за статистика заклучи дека Израел е меѓу оние земји кои имале најголем економски раст во светот. Просечната стапка на раст во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) изнесуваше 5,3 отсто.
Централната банка на Израел проценува дека овогодинешниот економски раст ќе биде 5,5 отсто. Најверојатно каматната стапка ќе биде повисока и во оваа земја, како одговор на инфлацијата. За тоа се одлучија САД и европските земји.
Израел, како и многу други земји, е тешко погоден од пандемијата на коронавирус. Сепак, тој успеа да ја оживее својата економија преку ефективен процес на вакцинација, пренесува Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина ги надмина очекувањата за опоравување на…
Кина во петкот објави податоци за економското…
Израел го обвини Иран и Хезболах за…
Израел го обвини Иран и Хезболах за…
Украина со ултиматум за Израел
Еврејските аџии нема да можат да го…
САД ќе продолжат да испраќаат оружје во…
Стејт департментот соопшти дека Вашингтон нема да…
Хаос во Израел: Автомобил влета во толпа,…
Три лица се полесно повредени кога автомобил…