Пановски директен: Укинете ги сертификатите па ќе дојдам во Комисијата за заразни болести

t

Министерот за здравство Беким Сали деновиве е актуелен со неговиот Фејсбук статус во кој упати јавна покана до докторите кои се активни на социјалните мрежи со совети за секого – Никола Пановски и Драган Даниловски како и до Вело Марковски, да бидат дел од новиот состав на Комисијата за заразни болести. Беше одбиен уште веднаш.

Професорот Никола Пановски во телефонски разговор за Телма најпрво го оцени како несоодветен начинот на обраќање преку Фејсбук и кажа дека главен услов според него е да се укинат сертификатите за да биде дел од Комисијата.

Прогнозира дека до март Македонија ќе се ослободи од стегите на овој бран на зараза и дека бројките ќе спласнат.

– „НЕ ТРЕБА МИНИСТЕРОТ ДА МЕ НАЗНАЧУВА ЗА СОВЕТНИК, ЈАС СУМ НА РАСПОЛАГАЊЕ 24 ЧАСА ПОД УСЛОВ СЕТО ТОА ДА БИДЕ БЕСПЛАТНО БИДЕЈЌИ СУМ РЕКОЛ ДЕКА ЗА ПАНДЕМИЈАВА ЌЕ РАБОТАМ ВОЛОНТЕРСКИ. АКО ГЛЕДАМЕ КОЛКУ ТРАЕ СИТУАЦИЈАТА СО ОМИКРОН, СИГУРНО 30 ДЕНА ПО 10.000 ЗАРАЗЕНИ, СИГУРНО ВЕЌЕ 300.000 ЛУЃЕ ЈА ПОМИНАЛЕ БОЛЕСТА, ТАКА ШТО МИСЛАМ ДЕКА УШТЕ МЕСЕЦ ДЕНА И НАСЕЛЕНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО ПОМИНЕ ВИРУСОТ, ПА АКО НЕ СЕ ЈАВИ НЕКОЈА НОВА МУТАЦИЈА – ЌЕ ИМА РЕЛАТИВНО МАЛ БРОЈ НА СЛУЧАИ, ОКОЛУ 500 ВО МАРТ, А АКО Е СМРТНОСТА ПОМАЛА КАКО ШТО Е СЛУЧАЈ ТОА СО ОМИКРОНОТ ТОГАШ ТОА БИ БИЛО ПОДНОСЛИВО И НЕ БИ ЛИЧЕЛО ТОА НА ЕПИДЕМИЈА ТУКУ ПОВЕЌЕ НА ЕНДЕМИЈА„ – вели д-р Пановски.

Според професорот Пановски погрешна е одлуката и за настава со физичко присуство затоа што сигурно нема да штети одлука за онлајн-настава барем извесен и краток период од две недели, додека бројките на заразени се навистина високи и дополнително растат. Во меѓувреме, нема ниту статистика колку наставници се позитивни и колку деца се во изолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…

Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…

Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…