Пановски за необјавувањето на резултатите за Гостивар: Во интерес на истрагата може да умре пациент

t

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи упати остри критики за постапувањето во случајот во Гостивар, користејќи хипотетичко сценарио со пациент кој се лекува со симптоми на труење.

Во својата објава, Пановски опишува ситуација во која обвинителството, поради сомнеж за намерно труење или труење од небрежност, наложува лабораториски анализи, но нивните резултати не им се достапни на лекарите бидејќи, како што наведува, се задржани во интерес на истрагата. Според неговото сценарио, причината за труењето му е позната само на обвинителството, додека лекарите не располагаат со информациите неопходни за лекување на пациентот, кој во меѓувреме починува.

Пановски додава дека по завршувањето на истрагата би се утврдило дека постоел лек кој можел да го спаси пациентот, но тој, како што наведува, станал „колатерална штета“ поради недостапноста на резултатите.

„Пациент се лекува во болница со симптоми на труење. Обвинителството се сомнева во намерно труење или труење заради небрежност, па нарачува лабораториски тестови. Болницата, спротивно на протокол не направила такви тестови. По 4 дена резултатите се готови и со нив располага обвинителството, забранува истите да се објават во интерес на истрагата. Причината за труење е позната но само за обвинителатвото. Лекарот не ја знае. Додека трае истрагата пациентот починува. По завршување на истрагата јасно е дека постоел лек кој би го спасил пациентот, но во интерес на истрагата, отишол како колатерална штета.
ПС. Секоја сличност со Гостивар е намерна.
ПС. По завршување на истрагата, семејството на пациентот ќе го тужи обвинителството за убиство, а здравствените власти за не пружање на помош“, напиша Пановски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пановски за необјавувањето на резултатите за Гостивар:…

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните…

ЕУ го казни „Алиекспрес“ со 550 милиони…

Европската комисија го казни „Алиекспрес“ со 550…

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Безбедна е водата за пиење во Скопје,…

Подгответе се за гужви: Три дена посебен…

Од денеска (20.07.2026) до 23.07.2026 во официјална…

Ескалира конфликтот на САД и Иран

Конфликтот меѓу САД и Иран добива нова,…