Објавено на:

Папата Франциск ја прекина неделната аудиенција за да одговори на телефонски повик

t

Папата Франциск денеска ја прекина својата неделна аудиенција на плоштадот Свети Петар за да оствари телефонски повик, принудувајќи ги насобраните верници да го чекаат повеќе од една минута.

Еден помошник на понтифот му подаде мобилен телефон и му покажа на човекот кој требаше да чита од говорницата да чека.

Прес-службата на Ватикан, која вообичаено не ги коментира приватните разговори на Франциск, не одговори на прашањата за телефонскиот повик.

Слични инциденти имало и порано, иако 86-годишниот поглавар на Римокатоличката црква е критичен кон мобилните уреди и ги предупреди верниците да не стануваат зависни од нив.

Во 2021 година, имаше најмалку два слични случаи кога, на крајот од општата аудиенција, Франциск се извини и отиде да разговара на телефон. Свештениците кои се наредија за да го поздрават мораа да чекаат светиот отец да заврши со телефонскиот разговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Три хеликоптери, 100 припадници на АРМ…

Два армиски хеликоптери, еден хеликоптер на МВР…

„Такер Карлсон беше во право“: Уште во…

Предупредувањето на новинарот Такер Карлсон за можен…

Армијата се вклучи во гаснењето на пожарот…

Откако Владата прогласи кризна состојба, претседателката и…

Мицкоски го осуди атентатот, но му го…

И премиерот Мицкоски го осуди обидот за…

Видео од атентаторот на Трамп: Ги мразам…

На социјалните мрежи се појави видео од…