Пари за минимална плата има, само не кај трудот, туку кај профитот“
„Во Македонија често проблемот не е што нема пари, туку вистинското прашање што треба да се постави, особено од страна на синдикатите како работнички организации е: каде оди вредноста што ја создава трудот?“ – вели пратеникот од Левица – Реџеп Исмаил во Фејсбук статус.
„Кратко: додека во ЕУ профитот (на приватните компании) учествува со околу 35–40% во БДП, кај нас капиталот зема над 55–60% удел во националниот доход. Ова не значи ништо друго освен тоа дека парите се тука, но тие завршуваат во џебовите на газдите, во рентиерите и монополите, а најмалку кај пролетеријатот, односно во нивните плати. Фискалниот простор за повисоки плати не се создава со симболични жртви, туку со узда врз изворите на нееднаквост“ пишува Исмаил.
Вели дека „дел од ваквите политики на краток и среден рок би биле следниве:
-прогресивно оданочување на корпоративниот профит – поголем профит поголема даночна стапка;
-укинување на разните даночни и фискални ослободувања за крупните фирми, особено оние на странскиот капитал во зоните;
-зауздување на банкарските и монополските профити со постепено национализирање на овие сектори – односно на средствата за производство и услуги во вакви сектори;
-данок на луксуз, имот и посебно третирање на рента се до нејзино искоренување;
-намалување на разните партиципации, школарини и други скриени трошоци во јавните услуги, вклучително јавен превоз и култура – ова како пример за политика која треба да го растерети товарот на семејниот буџет на работникот.
-воведување прогресивен данок на личен доход и укинување на максималната месечна основица за пресметка и уплата на придонеси, со што највисоките приходи конечно би придонесувале пропорционално во здравствениот, пензискиот и социјалниот систем“.
Според него, „кога се вели „нема пари“, ретко се мисли на стотици милиони евра за НАТО, на каматите од скапите задолжувања и на геополитичките одлуки и „усогласувања“ што директно го јадат просторот за работнички политики – теми кои за жал речиси никогаш не стануваат дел од синдикалниот отпор“.
„Заклучок: Пари за минимална плата има. Само не кај трудот – туку кај профитот“ вели Исмаил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Работниците бараат 600 евра минимална плата,…
Сојузот на синдикати на Македонија денеска го…
(Видео) Треба да се задолжам за да…
Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…
Отсуство на државна регулација на банкарскиот сектор…
Отсуство на државна регулација на банкарскиот сектор…
Владата е од друга планета?! Народот мака…
Мерките на Владата даваат позитивни резултати за…
Дали е сериозен? Ковачевски: Таму каде што…
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека таму каде…