Објавено на:

Патолог од Лансет тврди дека во Кипар се нeпиcмени: He пocтои делтакрон, сте ги koнтаминирале примероците

t

Хибридна варијанта на соеви на корона, делта и омикрон вирусот наводно е откриена на Кипар, а веќе се пријавени 25 случаи на инфекција. Оние кои не се согласуваат со ова „откритие“ наведуваат дека се работи за обични случаи на заразa.

Леондиос Кострикис, професор по биолошки науки на Универзитетот во Кипар, го нарече новиот хибрид делтакрон и предупреди дека светот „ќе види во иднина дали овој вид е попатолошки или заразен“ во однос на двата доминантни соеви, пренесува RT.

Дваесет и пет случаи на наводна инфекција со делтакрон се веќе пријавени и пријавени во базата на податоци за мутации на ГИСАИД Ковид-19. Кострикис, сепак, вели дека хибридот најверојатно ќе биде совладан од омикрон, кој моментално е масовно присутен кај населението.

Иако некои изразија загриженост поради извештаите за друга варијанта на коронавирусот, неколку научници го отфрлија откритието како медиумско заплашување и го нарекоа лажна тревога.

Патологот доктор Ахмед Калеби кој што работи во лабараториите на Лансет во Источна Африка тврди дека станува збор за контаминација на примероци и дека ваков нов сој не постои.

-Делтакрон, кој беше пријавен од Кипар како можна нова варијанта со комбинација на Делта и Омикрон, сега се покажа дека е контаминација на анализираните примероци, па оттука и двете генетски секвенци. Делтакрон не е нова варијанта и не постои во реалниот живот, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија на петто место по бројот на…

Со 4.469 смртни случаи од коронавирус на…

Германија со одлична вест за гастербајтерите, се…

Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах денеска…

Русија обвини: Испитувања на лиљаци предводено од…

Руско Министерство за одбрана објави дека проектот…

Две години од првиот случај на Ковид…

Две години откако во земјава беше регистриран…

Активни 8.143 случаи, вкупно починати 8.869 лица…

Aктивни се 8.143 случаи во државава од…