Пахор: ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат Западен Балкан

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, денеска на панел дебатата за Западен Балкан на Безбедносната конференција во Минхен изјави дека ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат овој регион.
Како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, Пахор истакна дека треба да се интензивира процесот на проширување на ЕУ и предупреди на потценување на ситуацијата во регионот.
Тој рече дека постојат одредени загрижувачки процеси кои треба брзо да се воочат и да се решат, пренесе агенцијата СТА.
Словенечкиот претседател идентификуваше три главни проблематични прашања во моментов – ситуацијата во Босна и Херцеговина, запрениот дијалог Белград-Приштина и блокирањето на преговорите за пристап на Македонија во ЕУ од страна на Бугарија.
Пахор го поддржа Отворениот Балкан, иницијатива покрената од Србија, Албанија и Македонија во обид да се воспостави слободен проток на луѓе, капитал и стоки како во Шенген зоната, но рече дека тоа не е и не треба да биде алтернатива на ЕУ.
Тој смета дека на иницијативата би можеле да се приклучат и други земји од регионот, оценувајќи го тоа како начин за натамошна соработка во регионот.
На дебатата учествуваа и косовската претседателка Вјоса Османи, министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ, шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина Мирослав Лајчак и високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…