Пациент почина од грип на Клиниката за инфективни болести

t

Пациент од внатрешнста на земјата во раните утрински часови починал од грип на одделението за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Како што кажа директорот Фадил Цана, кај пациентот симптомите се развиле пред пет дена и бил поставен на механичка вентилација.

– За жал, вчера во утринските часови на Инфективна клиника почина 69 годишен пациент кај кого беше потврдена лабораториски Инфлуенца А. Пациентот беше донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија и акутен респиратрен дистрес синдром, рече Цана.

Пациентот имал бројни коморбидитети и не ја примил сезонската вакцина против грип, иак бил во ризичната група.

Во моментов на Инфективно се хоспитализирани околу 30 заболени од грип, од кои еден е посериозен случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пациент почина од грип на Клиниката за…

Пациент од внатрешнста на земјата во раните…

СДСМ: Наместо реформи, намерно продуцирате судири со…

Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се…

(Видео) Познато по кого трага полицијата во…

Инфомакс неофицијално дознава дека во големата полициски…

Лазаров: Не знам дали можам да кажам…

Ракометната репрезентација на Македонија одигра нерешено 29:29…

Со увозот на 10 000 странци, Владата…

Одлуката на Владата предводена од Христијан Мицкоски…