Пеколно лето 2026: Во најава температури над 40 степени и чести топлотни бранови
Македонија се подготвува за лето кое ќе биде значително потопло од просекот, со чести и изразени топлотни бранови со потекло од Африка. Според метеорологот Славчо Попоски, претстојната сезона ќе донесе температури кои во одредени делови од земјата ќе надминуваат 40 степени.
Посебен акцент се става на централните и југоисточните предели на Македонија, каде се очекуваат највисоките вредности на термометарот.
„Оваа 2026 година летото во Македонија очекувам да биде потопло од просекот за 1 до 2 степени. Секако оваа година во текот на летните месеци очекувам и почеста појава на оние тропски ноќи кога температурите на повеќето места во Македонија нема да се спуштаат под 20 степени“, вели Попоски.
Главната причина за ваквите временски прилики е климатолошкиот феномен „Ел Нињо“. Тој ќе добие на интензитет во текот на летото, носејќи топлина и жешки лета низ цела Европа, Балканот и Македонија.
Покрај жештините, летото ќе донесе и нестабилно време со опасни природни појави.
„Оваа 2026 година летото ќе ни донесе и почести Суперќелијки бури во Европа и на Балканот а временските непогоди ќе бидат честа појава и во Македонија. Повремено очекувам и појава на силни невремиња и временски непогоди и во Македонија“, предупредува Попоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пеколно лето 2026: Во најава температури над…
Македонија се подготвува за лето кое ќе…
Трамп отвора нов царински фронт со ЕУ:…
Кога Доналд Трамп зборува за царини, тоа…
Европска комисија: Сè уште проценуваме дали Србија…
Европската комисија вели дека очекува Србија целосно…
Трамп се закани со повлекување на американски…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека би…
(Видео) 24 часовен штрајк во Атина, масовни…
Илјадници работници и демонстранти одбележувајќи го 1…